Фит

3 начини да ја намалите болката по вежбањето

12. октомври 2017 - 12:52 | К.З.

Откако ќе имате добар, напорен тренинг обично поминува час или два додека да почнете да ја чувствувате затегнатоста и болката во мускулите. Но, постои начин таа да се намали без притоа да пиете апчиња или штетни напитоци.

Обично се работи за „добра болка“, која се чувствува по крајот на тренингот. Така вашето тело ви дава до знаење дека мускулите работеле и им треба одмор. Таа се разликува од „лошата болка“ која се чувствува за време на тренингот, и која ве предупредува дека вашето тело влече некоја повреда.

Во продолжение, неколку начини на кој можете да ја намалите или отстраните болката од вашето тело.

Изладете го телото

Може да се вратите дома и да поседите десетина минути во када со ладна вода, иако и ладен туш може да биде сосем доволен. Доколку не сакате да одите со таа опција, можете да ставите ладни облоги на мускулите кои ве болат.

Оваа терапија се користи најмногу кај спортистите, кои имаат ладни комори во кои лежат по натпреварите или тренинзите, бидејќи ладната температура им помага на мускулите да се опуштат.

Масажа

Масажата не само што е пријатна за телото, туку таа помага и за крвотокот. А со тоа, помага и за закрепнување и регенерирање на мускулите. Докторите и експертите препорачуваат дека масажата најмногу помага 2-4 часа по завршувањето на тренинзите, сепак не е доцна и ако поминат повеќе од 10 часа, бидејќи мускулите ја задржуваат напнатоста и по неколку дена.

Иако научниците не се сигурни зошто масажата помага, сепак резултатите кажуваат дека е еден од најефективните начини да се ослободи телото од мускулната болка.

Сок од вишни

Чуден, но многу ефикасен лек е сокот од вишни.

Во едно истражување извршено на две групи на студенти кои редовно посетувале теретана им било дадено да пијат сок од вишна и плацебо. По само пет дена, групата која пиела сок од вишни чувствувала помала болка откако ќе заврши тренингот и болката исчезнувала побргу отколку кај другата група.

Но, внимавајте сокот од вишни да не биде засладен со високо ниво на шеќери бидејќи зголеменото ниво на шеќер во крвта може да ви влијае на здравјето.

Коментирај