Како што старееме, одржувањето на младешкиот изглед на кожата станува сè поважно, особено по 50-тата година од животот.
Додека генетиката и изборот на животниот стил играат значајна улога во тоа како старееме, исхраната е исто така важен елемент. Лекарите и експертите велат дека одредени пијалаци можат да придонесат и за младешка кожа и блескав тен.
Дерматолозите д-р Енриза П. Фактор, д-р Араш Ахаван и д-р Емануел Лукас тврдат дека пијалаците богати со витамин Ц можат да го забават процесот на стареење.
Калинката и сокот од калинка се богати со антивоспалителни и антиоксидантни својства, кои можат да ја подобрат еластичноста на кожата и да ја заштитат од оштетување и предвремено стареење. Калинката исто така може да го зголеми производството на колаген и еластин во кожата, а додавањето на витамин Ц во вашата исхрана преку калинката може да помогне да се спречат брчките.
„Заедно со внесот на витамин Ц, важно е да пиете многу вода, да ја заштитите кожата од сонце, да не пушите и да управувате со стресот за да ја одржите вашата кожа здрава и младешка“, вели д-р Фактор за SheFinds.
Иако не е можно целосно да се спречи појавата на брчки, хидратацијата и консумирањето на разновидни овошја богати со хранливи материи се клучни за зачувување на младешкиот сјај на кожата. Боровинките се поврзани со стимулирање на синтезата на колаген и содржат здрави антиоксиданси. Пиењето сок од боровинки или нивно додавање во смути може да биде ефикасно во спречување на предвремено стареење.

Д-р Лукас објаснува: „Боровинките се богати со антиоксиданси кои ја штитат кожата од секојдневни надворешни и внатрешни оштетувања. Богати се и со витамини А и Ц кои го спречуваат разградувањето на колагенот. Боровинките имаат и антиинфламаторни својства кои помагаат во борбата против егзема, акни и розацеа. Додавање боровинки наутро во вашет смути е одличен начин да се стимулира производството на колаген.
Д-р Ахаван тврди дека витаминот Ц од сокот од портокал ја стимулира синтезата на колаген, што ја подобрува еластичноста на кожата и придонесува за младешки изглед.
„Агрумите, како портокалите, се одлични извори на витамин Ц, кој игра клучна улога во синтезата на колаген бидејќи помага да се претворат амино киселините во колаген“, вели д-р Ахаван.
Додавањето повеќе витамин Ц во вашата исхрана може да помогне да се спречат брчките, а д-р Фактор заклучува дека пиењето многу вода, заштитата на кожата од сонце, непушењето и управувањето со стресот се клучни за одржување на здрава кожа со младешки изглед.