3 знаци дека работата почнува да ви пречи во приватниот живот

Работата е извор на гордост и важен дел од човечкиот идентитет.

Но, како што забележа американскиот тренер за кариера Лаура Лулие долготрајното работење може да влијае на вашето ментално здравје и на вашите односи со другите луѓе.

Затоа треба да ги забележите знаците на прекумерна работа, пред да дојде до исцрпеност. Лулие истакна три вообичаени знаци дека работата преовладува во вашиот живот и даде совети како да ја промените вашата перцепција за работата за да ја преземете контролата врз вашиот живот.

Проверување мејлови

Лулие истакна дека проверувањето мејлови за работа веднаш штом ќе се разбудите и непосредно пред спиење е нездраво и може да влијае на квалитетот на вашиот сон. Таа предложи да се одвои време кога нема да ја проверувате работната е-пошта и кога нема да ги завршувате работните задачи за кои немавте време на работа.

Според неа, концептот на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот би можело премногу да се поедностави бидејќи работата и животот се испреплетени и нереално е да се очекува дека тие две можат целосно да се разделат. Затоа таа советува поголема флексибилност, т.е. работна организација која ќе ви овозможи да создадете рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

Долго работно време

Лулие нагласи дека мултитаскингот може да остави впечаток на продуктивност, но всушност може да биде контрапродуктивен. Таа потсети дека една од најефикасните стратегии за управување со времето е да се фокусирате на една работа, бидејќи тоа може да ве спречи да работите непотребно долги часови.

Работата доминира во вашиот разговор дома

Лулие потсети и дека балансирањето помеѓу работата и приватниот живот може да биде тешко во работа која носи голема одговорност. Уште поголем проблем е кога работата ви ги преокупира мислите и доминира во приватните животни разговори.

„Можеби вашите пријатели или партнер се жалат дека само за тоа зборувате, особено за време на викендите. Тоа е дефинитивно знак дека работата преовладува и дека е време да се направи нешто во врска со тоа“, истакна Лулие.

Соодветно на тоа, таа советуваше да одвоите време да размислите за тоа што ви носи цел и радост на работното место и дека треба да закажувате дневни активности кои ве енергизираат и прават да се чувствувате добро.

Како што рече Лулие, грижата за себе и сопствената благосостојба е сосема во ред. Ова не значи дека сте неефикасни на работа или дека не се грижите за вашата кариера, пишува Business Insider.

Тагови
реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Живот

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Read more

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година

Read more

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more
 

Магазин

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Читај повеќе

Кардиолозите предупредуваат на навика што го оштетува срцето повеќе од пушење

Читај повеќе

Гастроентеролози откриваат кое месо е најлошо за цревата

Читај повеќе

Петицијата за Данска да ја купи Калифорнија собра над 200.000 потписи

Читај повеќе
  • play_arrow

Каков е животот во градот што „исчезна“ под снег?

Читај повеќе

Рани знаци на деменција: На што да внимавате?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате грип или обична настинка?

Читај повеќе
  • filter

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година

Читај повеќе

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Читај повеќе