30-дневен притвор за возачот кој усмрти девојка кај Сити мол

Скопје, 22 јануари 2022 (МИА) – По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на Јавното обвинителство, судија на претходна постапка вчера донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото, соопшти Основниот кривичен суд во однос на тешката сообраќајна несреќа што се случи завчеравечер во близина на трговскиот центар „Сити мол“ каде загина 25-годишна девојка, а едно лице беше повредено.

Основното јавно обвинителство во Скопје претходно вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Како што информираа од ЈО, осомничениот на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори биле исклучени од програма и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот.

– Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомничениот управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница, соопштија од Јавното обвинителство.

Осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците или вештаците и со тоа да ја попречува кривичната постапка, како и оправдан страв дека би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Хроника

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more

Три скопјанки искасани од кучиња скитници

Read more

Двајца загинати во сообраќајката на патот Штип-Кочани

Read more
 

Вести

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе