Поминаа точно 30 години од смртта на Милан Младеновиќ, фронтменот на групата ЕКВ и еден од најзначајните музички уметници од поранешна Југославија.
Шармерот чија легенда живее со истиот жар како и неговата музика, остави длабока трага и незаменливо место во музичката историја.
Младеновиќ почина на 5 ноември 1994 година, по три месеци борба со рак на панкреасот, но со верба во подобра иднина и утре вредно за живеење за оние кои остануваат.
Оа што не го сакаше, беше ставањето на фокусот на неговиот лик и имиџ и сакаше она што ќе биде запаметено да биде неговата музика, музиката на ЕКВ, а не тој како личност.
„За крај би рекол само дека во никој случај не ми е жал што сите овие години ги потрошив на нешто толку несериозно како рокенролот и мислам дека не можев почесно и поискрено да ги потрошам сите тие години“, се зборовите со кои завршува неговата монографија.