30 јуни 1908, мистеријата на сибирското небо
Огромна површина била уништена откако голема и до ден денес непозната експлозија настанала на небото над Сибир.
Утрото на последниот ден од јуни малкуте жители во Краснојарскиот крај, северозападно од Бајкалското Езеро, ги вознемирила огромна експлозија илјада пати посилна од атомската бомба.
Околу 80 милиони дрвја на површина од 2.150 км² биле уништени во сибирската тајга, за среќа многу ретко населена, а екслозијата била видена и почувствувана дури и во Европа. Следел земјотрес од околу 5 степени по Рихтер.
Не се знае што експлодирало на височина од 5-10 километри во атмосферата, а претпоставките одат од метеор и комета, па сѐ до НЛО. Поради зафрленоста на местото, првата научна експедиција испитувала дури во 1921 година предводена од Леонид Кулик.