30 км/ч ќе се вози и во шпанските градови - кога и во Македонија?

Шпанија денеска го намали ограничувањето на брзината за управување со автомобили во градовите од 50 на 30 километри на час за да го намали бројот на смртни случаи во сообраќајни несреќи.

„Помала брзина, повеќе живот во градот“, е пораката под која Шпанскиот генерален директорат за транспорт (ДГТ) ја воведе новата мерка.

Сопствениците на автомобили во поголемите градови како Мадрид, Барселона, Билбао и Севилја во вторникот на патиштата наидоа на табли со ознака „30“. На некои улици каде што автомобилите поминуваат покрај пешаците, ограничувањето на брзината е спуштено на 20 километри на час.

„Сите политички партии ја поддржаа оваа мерка. Тоа ќе ги направи пешачењето и возењето велосипед поудобно, а јавниот превоз ќе се користи повеќе“, рече Алфонсо Гил од северниот град Билбао.

Кога автомобил вози со брзина од 50 километри на час, ризикот од смрт во несреќа е 90 проценти, а при возење со брзина од 30 километри на час, тоа е само 10 проценти, велат од ДГТ.

Карлос Арегуи Далмасес, директор на Институтот за истражување сообраќај во Сарагоса, вели дека пешак има 50 процентни шанси да преживее ако го удри возило со брзина од 50 километри на час.

„Но, тој ќе има петпати поголема шанса да преживее ако возилото го удри со брзина од 30 километри на час“, забележува тој.

Идејата за намалување на брзината во шпанските градови се појави во 2010 година. Од 2013 година, воведен е пилот проект во повеќе градови, што ги потврди очекувањата за помалку смртни случаи. Во 2017 година се случиле 158 сообраќајни несреќи во баскискиот град Ирун, близу границата со Франција, но нема смртни случаи.

Европската комисија, извршното тело на Европската Унија, предложи план со цел да има „0 смртни случаи во сообраќајни несреќи во 2050 година“.

Во Шпанија, според податоците на Европската комисија, бројот на смртни случаи опаднал за 31 процент од 2010 до 2019 година.

Претставничкиот дом на Холандија лани во октомври го усвои предлогот ограничувањето на брзината од 30 км/ч да стане норма во населени места, наместо дотогашните 50 км/ч.

Ефикасноста на воведувањето на ограничувањето од 30 км/ч може да се види во примерот на Хелсинки. Поголемиот дел од центарот на градот во моментов е во зоната на брзина 30, а инфраструктурата влијае и на побавно возење, на пр. легнати полицајци, подигнати пешачки премини и кружни текови.

Резултат - минатата година во главниот град на Финска не загина ниту еден пешак или велосипедист.

Генералното Собрание на Обединетите нации лани во август ја усвои Стокхолмската декларација со која ограничувањето од 30 км/ч го препорачува како максимално секаде каде што ранливите учесници се мешаат со возилата.

Граѓанската иницијатива На точак, група ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје преку активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство, тогаш се огласи по ова прашање и потсети дека „е време да го промениме и нашиот Закон за безбедност во сообраќајот“.

„Во превод, тоа значи дека ‘дифолтното’ ограничување во населени места не треба да биде веќе 50 км/ч, туку 30 км/ч за сите улици, а да добијат можност за 50 км/ч само оние улици кои имаат издвоена и пешачка и велосипедска и колска инфраструктура. Не да се тргнува од 50 км/ч дифолтно, па да се бориме некои улици да бидат со 30 км/ч, туку да се тргне од 30 км/ч, па да видиме кои улици заслужуваат 50 км/ч. Многу логично!“, велат од #НаТочак.

Членовите на #НаТочак досега реагирале против праксата на „автоцентрични“ улици што е честа кај нас.

„Автопатски писти за развивање 100-ка и опасност по животи не се вест за фалење во 21-ви век. Патна диета, безбедност во сообраќај, обезбедување велосипедско решение (дали како патека или како лента), облагородување на пешачки простор, обезбедување пристапност за лица со посебни потреби итн. треба да бидат правило при реконструкции, не исклучок!“, објавија тие лани во октомври, по веста за реконструирањето на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во скопската населба Аеродром кое според нив фокусот го става на автомобилите, а ги занемарува пешаците и велосипедистите.

Продолжете да читате>>> Само 30 км/ч во Брисел: Конфискација на возилото за повторен престап

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Авто новости

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Read more

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе