30 минути јога тренинг за флексибилност и сила
Бенефитите од јогата се бројни. Таа е спиритуална, но истовремено е и холистичка дисциплина. Нејзиниот распон на делување е широк, од подобрување на здравствената состојба, зајакнување и обликување на телото до подобрување на менталните способности. Целосната посветеност на јогата овозможува и подлабоки спиритуални искуства.