30.000 денари за 30.000-тиот член на „ЛУКОИЛ КЛУБ“ програмата за лојалност

ЛУКОИЛ Македонија, на својот 30.000-ти член во програмата „ЛУКОИЛ КЛУБ“ му додели вредносен ваучер во вредност од 30.000 денари, како знак на почит и благодарност за неговата лојалност кон брендот ЛУКОИЛ.

Среќниот добитник е Спасовски Ацо од Пробиштип, кому на бензинската станица „Македонски Фолклор”, во Скопје, му беше врачена наградата. Од ЛУКОИЛ Македонија велат дека на овој начин ја изразуваат благодарноста кон своите верни потрошувачи и воедно ги поттикнуваат и останатите да станат членови на реномираната лојалти програма на компанијата и да добијат можност за безброј придобивки.

„Навистина сме среќни и горди што програмата ‘ЛУКОИЛ КЛУБ’ наиде на толкав интерес од страна на нашите потрошувачи и за толку краток период успеавме да дојдеме до бројка од 30.000 членови. Верувам дека сите корисници ги гледаат бенефитите од членувањето во програмата и истата ќе претставува поттик и за останатите потрошувачи да станат член на ‘ЛУКОИЛ КЛУБ’. За нас, ова е мотив повеќе да продолжиме да делуваме во насока на континуирано наградување, стимулирање и вреднување на сите наши клиенти. Во оваа прилика би сакал и да му честитам на среќниот добитник, но и да му се заблагодарам за неговата лојалнот кон препознатливиот бренд на ЛУКОИЛ“, изјави г-дин Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

„Морам да кажам дека сум изненаден и не очекував дека токму јас ќе ја имам честа да бидам 30.000-тиот член на „ЛУКОИЛ КЛУБ” кој ќе ја добие оваа награда. Јас сум редовен посетител на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија на кои полнам квалитетно гориво, користам други услуги и купувам од богатиот асортиман на производи на нивните бензински. ЛУКОИЛ Македонија умее да ги вреднува и наградува своите верни потрошувачи. Затоа, од срце им се заблагодарувам и ги повикувам и другите да станат членови во „ЛУКОИЛ КЛУБ” затоа што нуди безброј поволности и секако награди.” изјави добитникот Ацо Спасовски.

Програма за лојалност за физички лица ЛУКОИЛ Македонија ја воведе кон крајот од јули месец минатата година и оттогаш, за помалку од 7 месеци, вкупно 30.000 потрошувачи на ЛУКОИЛ Македонија ја искористиле можноста да се стекнат со поени и со други ексклузивни бенефиции при своето пазарување или полнење гориво на некоја од бензинските станици на ЛУКОИЛ. При членување во програмата, членовите своите собрани поени може да ги претворат во гориво, да купуваат од маркетите на ЛУКОИЛ, но и да ги искористат многубројните акциски поволности.

Сите официјални информации поврзани со правилата и со програмата може да се најдат на интернет-страницата https://club.lukoil.com.mk, каде членовите истовремено може да се регистрираат, да вршат проверка на состојбата на поените, да добиваат информации за тековни промоции, како и други информации од Програмата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Промо

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more
 

Ново

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе
  • filter

Се продава легендарното BMW M1, проценето е до 500.000 евра

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе