Филм & ТВ

33 години подоцна: Том Круз се враќа во пилотската кабина во „Top Gun: Maverick“

19. јули 2019 - 9:09 | А.С.

Поминаа 33 години од премиерата на култниот акционен филм „Top Gun“ што го прослави Том Круз во улогата младиот морнарички пилот, а холивудскиот актер сега се враќа во пилотската кабина во продолжението „Top Gun: Maverick“.

Објавен е првиот трејлер за драмската акција што долго време се најавуваше.

„Не можеш да напредуваш, не сакаш да се пензионираш и покрај сите твои напори, никако да умреш. Досега требаше да бидеш адмирал со две ѕвезди, а уште си капетан. Зошто?“, го прашува Ед Харис сега веќе 57-годишниот Круз.

Од трејлерот може да дознаеме само уште дена Маверик е „последниот од својот вид“, а во актерската екипа на Круз му се придружуваат Џенифер Конели, Џон Хем, Вал Килмер, Мелиса Телер, Глен Пауел и многу други.

„Продолжуваме со тонот од првиот филм. Пилотите се враќаат, како и потребата за брзина. Ќе имаме брзи машини. Ќе биде тркачки филм“, рече Круз лани во интервју за американската ТВ-станица Access.

Премиерата на „Top Gun: Maverick“ е закажана за 26 јуни, 2020 година.

Коментирај