336 нови случаи на КОВИД од 1.181 тестиран, но сѐ уште висок бројот на починати

Скопје, 1 декември 2020 (МИА) – Речиси двојно поголем број оздравени пациенти – 544 од новодијагностицирани – 336 (од вкупно направени 1.181 тестирање) се евидентирани во извештајот за состојбата со COVID-19 за вчерашното деноноќие, што Министерството за здравство го објави доцна синоќа. Но, и натаму е висок бројот на починати пациенти, кој изнесува 32 во 24 часа.

Според министерот за здравство Венко Филипче, мерките кои Комисијата за заразни болести ги донесе даваат резултат и бројката на хоспитализации се стабилизира.

„Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи. Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат, имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети подготвени да се отворат“, рече Филипче по вчерашниот состанок со директорите на ковид – центрите во комплексот „Мајка Тереза“.

На состанокот била разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија и по направените анализи било заклучено дека минатата недела е достигнато платото по бројот на хоспитализирани пациенти и веќе има благ пад на бројот на хоспитализирани на дневно ниво.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 1.296 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во ковид-центарот на Клиниката  за кожни болести се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35, на Институтот за ТБЦ  44 пациенти со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат 26 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 14 и во ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 19 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле има 35 пациенти, од кои девет деца и 24 возрасни. Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид – 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. На сите инфективни одделенија има довод на кислород и може да бидат згрижени пациенти на кои им е потребно кислородна поддршка, информираат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од 12 лекари и 20 медицински сестри се вклучи во работа на интерните клиники каде има неколку ковид – оддели.

Медицинските екипи од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата. По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид – центрите низ државата. Преку Министерството за одбрана донација од 10.000 брзи тестови од Кралството Норвешка доби Министерството за здравство, а на почетокот од ноември Армијата даде на користење и пет амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе