„365 Days“: Полски еротски филм е најгледан на Netflix

Еротската драма „365 days“ продолжува да доминира на Netflix. Втора недела по ред овој еротски филм е најпопуларен на стриминг сервисот, и покрај негативните оцени и рецензии.

Филмот се гледа во толкава мера што веќе многумина го нарекоа полска верзија на приказната за милијардерот Кристијан Греј и Анастазија Стил, иако со експлицитните секс сцени е чекор понапред.

Филмот „365 Days“ е базиран според првиот роман на истоимената трилогија на Бланка Липињска и во кината во Полска е објавен на 7 февруари годинава. Netflix го откупи и го направи достапен на платформата кон средината на јуни, од кога почна да привлекува огромно внимание.

Дејството во филмот се одвива околу киднапирањето на млада жена од страна на сицилијанскиот мафијаш Масимо Торичели. Масимо опсесивно ќе се вљуби во Лаура и ќе направи сè за да го засака и таа него. Лаура ќе има 365 дена да се вљуби во Масимо. За тоа време тој ја опсипува со луксуз, пари, скапа облека, забави и сè што може да се купи со пари. Уште една приказна со доминантен богат маж и млада убавица која не може да му одолее.

Филмот наскоро ќе добие и продолжение.

Remote video URL
Тагови
реклама

Филм & ТВ

Бекинсејл: Излегувам со помлади момчиња за да ве нервирам

Read more

[КАЈГАНА препорака] Што да гледате на Netflix во јули?

Read more

Погледнете го трејлерот за возбудливиот трилер „Fatal Affair“

Read more

Тамара, Љубо и Атанас од „Медена земја“ ќе одлучуваат за Оскарите догодина

Read more

Сцена

  • play_arrow

Далај Лама објави нова песна

Читај повеќе

Бекинсејл: Излегувам со помлади момчиња за да ве нервирам

Читај повеќе
  • play_arrow

[КАЈГАНА препорака] Што да гледате на Netflix во јули?

Читај повеќе
  • play_arrow

Виери, Вентола и Адани снимија песна

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за возбудливиот трилер „Fatal Affair“

Читај повеќе
  • play_arrow

Дуа Липа сака да сними дует со Мадона

Читај повеќе

Тамара, Љубо и Атанас од „Медена земја“ ќе одлучуваат за Оскарите догодина

Читај повеќе
  • filter

Како изгледаат денес актерите од „50 First Dates“?

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за „Cursed“ - новата серија на Netflix

Читај повеќе