4 јуни 1783, изведен бил првиот лет со балон
Браќата Монголфје пред три века јавно го демонстрирале првиот лет со балон, нивен пронајдок.
Французите Жозеф-Мишел и Жак-Етјен работеле како производители на хартија, но своето место во историјата го обезбедиле благодарение на пронајдокот на нивниот балон на жежок воздух.
За да докажат дека нивниот изум функционира, браќата извеле лет со нивниот балон пред публика во местото Аноне во југоисточниот дел на Франција. Летот траел 10 минути поминувајќи 2 километра на висина од 1.600 до 2.000 метри. Заради безбедност, балонот летал празен.
Во септември истата година извеле сличен лет, во Париз, но овој пат во балонот имало и екипаж: овца, патка и петел, а во ноември летот бил повторен со човечки екипаж.