4 мај 1929, родена е славната актерка Одри Хепберн
На денешен ден во Брисел е родена познатата актерка Одри Хепберн, амбасадорка на добрата волја на УНИЦЕФ и добитничка на Оскар за филмот „Roman Holiday“ во кој глумеше покрај Грегори Пек. За истиот филм Одри освои Златен Глобус и БАФТА награда за најдобра изведба.
Таа ќе остане запаметена по улогите во филмовите како „Sabrina“, „Breakfast at Tiffany’s“, „Charade“, „Wait Until Dark“ и други. Поради нејзиниот моден стил, Одри Хепберн важи за модна икона на 20 век, односно за една од највпечатливите личности на минатиот век.