4 причини зошто секогаш ви се допаѓа ист тип на мажи

Создавањето сериозна и здрава врска може да биде едно од најзабавните и највозбудливите искуства низ кои некогаш ќе поминете, но може да биде и многу напорно.

Новата врска или љубовниот интерес може да предизвика многу работи кај нас, како што е непријатноста да не знаеме дали врската ќе успее или не. Разочарувањето кое доаѓа по почетната фаза на возбуда гарантира дека врската всушност ќе се олади и ќе стане здодевна, така да се каже.

Советничката за врски, Лорна Пул, наведува 4причини зошто со години избирате исти типови на мажи.

Вашата вера во љубовта е слаба

Ако се фокусирате на сите пречки и на она што може да се случи, ќе се чувствувате апсолутно исцрпени и преоптоварени. Затоа, за да избегнете разочарување, можеби ќе одлучите дека ќе биде полесно да се откажете или да не се вклучите со цело срце во врската со потенцијалниот партнер. Размислувањето околу тоа како ќе запознаете некого, ќе договорите состанок, ќе ги запознаете неговите пријатели и семејството нема смисла.

Не успевате да го постигнете она што навистина го сакате

Кога верувате дека љубовта е невозможна, нема да можете да го постигнете она што навистина го сакате. Се плашите дека навистина би можеле да бидете среќни и дека вашата љубов ќе успее. Од страв и од играње на сигурно излегувате со маж кој ве сака. Ако излегувате со маж кој ве сака, нема ризик бидејќи вие го контролирате исходот.

Ако тргнете по она што го сакате, постои ризик да ви се скрши срцето, да останете сами, но и можност да бидете среќни. Сепак, ризикот понекогаш се исплати.

Верувате дека среќните врски се само за другите луѓе

Грешите ако верувате дека среќните врски се само за други луѓе и дека вие нема никогаш тоа да го доживеете. Всушност, секој што го презема ризикот и оди по она што навистина го сака, може да го постигне.

„Универзумот секогаш ги наградува упорните и решителните меѓу нас. Вашиот живот и вашите избори го создаваат исходот. Затоа излезете, најдете ресурси, барајте образование и направете го вашиот живот да се случи. Топката е во ваш терен; верувајте во љубовта и направете ја ваша реалност“, советува Пул.

Негативноста што се појавува кога сме среќни

Понекогаш негативните мисли се појавуваат кога сме среќни и единствен начин да го избегнеме тоа е да бидеме во врска со некој кој нè сака, се грижи за нас и нè поддржува. Чувството на несигурност, љубомора или избегнување на трауми од детството ќе испливаат на површина кога сме среќни. Она што го правиме во врска со тоа влијае на исходот.

Врската која ја негуваме со некој што го сакаме може да биде „патување“ во непознатото и сосема ново искуство за нас, но никогаш нема да зажалите. Иако изгледа страшно, навистина вреди. Затоа, соочете се со вашите негативни мисли и проблеми.

Тагови
реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Љубов и секс

Дали премногу рано влегувате во нова врска по раскинувањето?

Read more

Зошто ви се тресат нозете по секс? 

Read more

Жените откриваат: Како до повеќекратни оргазми?

Read more

Доктор открива техника што им помага на мажите да издржат подолго во секс

Read more
 

Магазин

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Читај повеќе

Соган долма: Традиционален турски рецепт за полнет кромид

Читај повеќе

7 планети се во Овен на 16 и 17 април: Што значи тоа за сите хороскопски знаци?

Читај повеќе

Колку често и како да се чисти аспираторот?

Читај повеќе

Заборавете ги Париз и Брисел: Европа има нови, неочекувани чоколадни престолнини

Читај повеќе

Што се случува со вашето тело кога вежбате на празен стомак?

Читај повеќе
  • filter

Откриена точната локација на домот на Шекспир во Лондон

Читај повеќе

Здравствени симптоми кои жените никогаш не треба да ги игнорираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Мисиркино или пилешко: Кое месо е похранливо?

Читај повеќе