Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
реклама

4 септември 1913, роден е архитектот Кензо Танге

На денешен ден, 4 септември, во 1913 година, роден е Кензо Танге, јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година.

Со примената на елементи од современата архитектура во комбинација со традиционалната јапонска архитектура, тој конструирал градби на пет континенти и се смета за еден од најдобрите архитекти на 20-тиот век.

На почетокот од својата кариера, Танге бил под влијание на Ле Корбизје, а првата слава ја стекнал во 1949 година кога победил на конкурсот за изработка на планот за градот Хирошима, во чиишто рамки го конструирал Меморијалниот парк на мирот. Во подоцнежните години, Танге работел и на развојот на урбанизмот. Покрај изработката на планот за обнова на Хирошима, познат е и по изработката на урбанистичките планови за Токио и Скопје.

Во 1965 година, Танге бил замолен да го изработи урбанистичкиот план на градот Скопје, кој по земјотресот во 1963 година бил 65% разрушен. Танге се согласил да го изработи планот и добил 60% од средствата предвидени за обновата, додека останатите 40% биле доделени на архитектонскиот тим од СФР Југославија, којшто соучествувал во обновата. Планот за обнова кој го изработил Танге бил налик на оној за Токио од 1960 година. За жал, планот бил само делумно исполнет, а од неговите конструкции биле изградени новата железничка станица и линијата на станбени згради во центарот на градот, познати како „градски ѕид“.

Танге почина на 22 март 2005 година во Токио, по што беше погребан во црквата Света Марија.

За своите дела, Танге добил бројни награди меѓу кои се вбројуваат златниот медал РИБА, наградата АИА на француската академија, како и Прицкеровата награда во 1987 година. Прицкеровата нагарда ја добил за изградбата на Олимпискиот центар Јојоги во Токио.

Архитектура

Колку треба да „дишат“ фасадите?

Read more

Полска го гради најголемиот транспортен центар во Европа

Read more

Како Грција почнува да гради свој Дубаи?

Read more

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Read more