4 знаци дека сте заљубени во погрешна личност - дека губите време

Љубовта е слепа, а кога сме заљубени не гледаме некои погрешни работи што ни се пред носот.

Најлошото е што кога ќе го фатиме партнерот како изневерува или кога нѐ повредува, дури тогаш сфаќаме дека сме вљубени во погрешна личност.

Овие четири знаци покажуваат дека можеби сте вљубени во таква личност:

Постојано барате време со партнерот

„Ќе ти се јавам подоцна. Денес бев зафатен, утре ќе разговараме. Премногу сум уморен да зборувам“ - ако сето ова звучи познато, запрашајте се дали сте со вистинската личност. Мора да земете предвид дека саканата личност нема секогаш да биде слободна, но постои тенка линија што прави разлика. Ако вие сте личноста која постојано бара нечие време, но без успех, запомнете дека сте скапоцени, исто како и вашето време, ако не и повеќе.

Недостаток на комуникација

Иако недостатокот на комуникација сам по себе е јасен знак, сепак некои работи укажуваат дека врската е пред распад. Започнува со тоа што другата личност ве избегнува некое време. Ако вашиот партнер ве избегнува, нема за што да разговара со вас, не се обидува да комуницира, не му е грижа каде сте и како сте, време е да сфатите дека работите можеби нема да одат онака како што вие сакавте. Пред да инвестирате премногу од вашите емоции, седнете, опуштете се и размислете дали вреди?

Врската зависи од нивното расположение

Ако зборувате само кога тој/таа е најрасположен/а, големи се шансите вашата врска да пропадне на долг рок. Работите на таков начин не можат да функционираат долго, дури и кога сакате тоа да успее. Размислете двапати пред целосно да се предадете на таква личност.

Нивните постапки не се совпаѓаат со нивните зборови

Вашата поубава половина може да ве опсипува со најубавите зборови за тоа колку таа ве сака, колку е вљубена во вас, но ако следниот ден се запрашате поради нивните постапки дали е тоа вистина, имате погрешна личност. Ако видите дека вашиот партнер е добар само со зборови и не спроведува сѐ што ќе каже, би било добро навреме да ја преиспитате ситуацијата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Љубов и секс

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе