Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 27.741 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 415 прекршоци во изминатото деноноќие.
Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени се 90 контроли во објекти при што е евидентиран 1 објект кој не ги почитувал одлуките на владата.
На територијата на целата држава на вкупно 250 лица им се издадени решенија за изолација, а 3 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.