45 милиони евра од ТАВ за градинки и училишта, наместо за карго аеродром во Штип

Владата и официјално го замени неизградениот карго аеродром во Штип за инвестирање во градинки, училишта, одводни и канализациски мрежи и локални и регионални патишта.

Утрово владината прес служба соопшти дека премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот без ресор Аднан Ќахил е во посета на Турција, утврдил дека Групацијата ТАВ, концесионер на македонските аеродроми, ќе инвестира 45 милиони евра за решавање на локални инфраструктурни пробеми.

Во владиното соопштение 45- те милиони беа претставени како инвестиција, без да се спомене обврската на ТАВ за неизградениот карго аеродром во Штип, па портпаролот Миле Бошњаковски го дообјасни.

„Денес во Турција беше утврдено дека парите место за карго аеродром ќе се наменат за градинки, училишта, одводни и канализациски мрежи и локални и регионални патишта. На средбата не беа утврдени рокови во кои треба да се реализира донацијата, тоа е процес кој сега почнува“, рече владиниот портпарол Бошњаковски.

Тој нагласи дека Владата одлучила со анекс на договорот за концесија да направи пренамена на парите предвидени за изградба на карго аеродромот за што било расправано на 46 и на 48 седница.

„Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, информира за одржаната средба со генералниот директор на компанијата ТАВ Аеродроми-Скопје и за неможноста за изградба на аеродром во Штип, поради немање услови за изградба, физибилност, одржливост и слично и укажа на потребата членовите на Владата да ја разгледаат можноста средствата во износ од околу 45 милиони евра предвидени за оваа намена, согласно Договорот за концесија, каде би можело да бидат искористени, односно пренаменети/инвестирани во некои други области (пр. училишта, болници, потреби на државата и слично)“, стои во записникот од 46 седница, одржана на 28 декември, лани.

ТАВ ги презема аеродромите во март 2010 година и се обврза на инвестиција од 200 милиони евра, во модернизација и изградба на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и на охридскиот „Св. Апостол Павле“ заедно со обврската по 10 години да изгради и карго аеродром во Штип, откако ќе биде изготвена метеоролошка студија за локацијата. Според тогашните најави, аеродромот во Штип беше пресметано дека ќе ги чини околу 60 милиони евра. (M.И.П

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе