46.000 Cybertruck возила на Tesla повлечени во САД

Cybertruck доживеа нов удар оваа недела откако федералните регулатори во Америка издадоа наредба за повлекување на возилото.

Според повлекувањето, Tesla мора да ги повлече возилата за да поправи дел од украсна лента што може да се откачи додека возите, „зголемувајќи го ризикот од несреќа“. Повлекувањето влијае на повеќе од 46.000 возила.

И покрај тврдењата на Маск дека Cybertruck е „ѕвер отпорен на куршуми“, се покажа дека е возило со слаб квалитет на изработка.

Возачите и експертите кои ја тестираат издржливоста на возилото го знаат ова веќе некое време. Ова повлекување, кое го вклучува секој продаден Cybertruck од неговото лансирање, е осмо за моделот. Ова е втор пат Cybertruck да биде повлечен поради проблем со лента.

Во јуни минатата година, компанијата издаде слично повлекување бидејќи „украсната лента на работ на товарниот простор може да биде слабо прицврстена и да падне додека возите“.

Од Tesla за Bloomberg изјавија дека веруваат оти само 1% од отповиканите Cybertrucks всушност го имаат овој проблем, но ги повлекуваат сите возила и ќе ги покријат трошоците за поправки. Признаа и дека проблемот сè уште не е решен во производниот процес, но очекуваат да се санира до 21 март. Досега имаат добиено 151 побарување на гаранцијата поради овој проблем.

Причината поради која лентата на Cybertruck паѓа и лесно се вади е затоа што е едноставно - залепена. Во видео објавено во август 2024 година, популарниот јутјубер WhistlinDiesel го стави Cybertruck на тест за издржливост и го спореди со популарниот Ford F-150. Во видеото, WhistlinDiesel е шокиран кога со голи раце без никаков алат успева да откине делови од украсната лента од камионетот на Tesla. Клип од моментот стана вирален кога тој го сподели на TikTok, каде што е прегледан повеќе од 20 милиони пати. Во видеото, WhistlinDiesel го удира Cybertruck камионетот со копач, а потоа се обидува да излупи делови од лентата со алат, но веднаш го фрла бидејќи не му треба.

Користејќи ги само рацете, тој успева да расклопи делови на возилото, јасно покажувајќи дека се држат заедно со обичен лепак.

„Тоа е неприфатливо. Камионетот е лепен. Тоа не е воред. Навистина не е во ред“, вели популарниот јутјубер.

@fiveoclockmommy I’d rather save the $60k difference in price and keep all my fingers #cybertruck #momsoftiktok @VW original video @Techie Dani 👩🏼‍💻 ♬ original sound - Melissa Gutierrez
Долгогодишен акционер на Tesla: Маск целосно ја запостави Tesla

Повлекувањето на Cybertruck дополнително ја погодува Tesla, чија цена на акција тоне секојдневно. Низ Америка се одржуваат протести пред салоните на Tesla, се палат автомобили, а некои вандали цртаат кукасти крстови на туѓите тесла во знак на протест. Долгогодишните сопственици на Tesla масовно ги продаваат своите автомобили, а цените на осигурувањето вртоглаво растат.

Главниот инвеститор и долгогодишен акционер на Tesla, Рос Гербер, имаше неколку телевизиски настапи во последните денови повикувајќи го Илон Маск да се повлече од функцијата извршен директор.

„Доколку Илон се врати и се фокусира на Tesla, тоа би било одлично. Тоа е токму она што ѝ треба на Tesla. Но, тој нема да го стори тоа. Од оваа причина, верувам дека Илон треба да назначи нов извршен директор да ја води Tesla, додека тој може да продолжи со владината работа и со тоа да го одвои својот имиџ од Tesla“, продолжи Гербер.

„Tesla е одлична компанија која се обидува да го реши проблемот со климатските промени, но сега е толку негативно поврзана со Илон што ја уништува продажбата на својот главен производ - електричните возила. Нешто мора да се промени и мислам дека тоа ќе се случи оваа година“, додаде тој.

Маск се обиде да го искористи својот близок однос со Белата куќа за да ја подобри продажбата и да го поправи имиџот на Tesla, но тоа не успеа.

Трамп дури сними и промотивно видео за Tesla на јужниот тревник на Белата куќа, но акциите продолжија да тонеа. Пред неколку дена, американскиот министер за финансии Хауард Лутник се појави на Fox News и ги повика Американците да купат акции на Tesla.

„Ако нешто научите од ова шоу вечерва, тоа е ова - купете Tesla“, рече Лутник. „Неверојатно е акциите на овој човек да се толку евтини. Никогаш повеќе нема да бидат толку евтини.“

реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Авто новости

Топ 5 половни автомобили до 3.000 евра: Деловите лесно се наоѓаат, експертите и таксистите ги препорачуваат

Read more

Која земја е апсолутно најголемиот пазар на автомобили во светот?

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Tesla доби дозвола за целосно автономно возење во Европа

Read more
 

Автомобили

  • filter

Топ 5 половни автомобили до 3.000 евра: Деловите лесно се наоѓаат, експертите и таксистите ги препорачуваат

Читај повеќе

Која земја е апсолутно најголемиот пазар на автомобили во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Читај повеќе

Tesla доби дозвола за целосно автономно возење во Европа

Читај повеќе

Tesla работи на помал, поевтин електричен SUV

Читај повеќе

Голем пресврт во Германија: Електричните автомобили ги надминаа бензинците

Читај повеќе

Дали ќе поевтинат автомобилите?

Читај повеќе

Дали Mazda ја заборави Европа?

Читај повеќе

Рекордни залихи на непродадени автомобили Tesla

Читај повеќе