4.817 инспекциски надзори и контроли, затворени 5 угостителски објекти во една недела

Во периодот од 11 до 17 јануари, од страна на седумте инспекциски служби, се спроведени вкупно 4.817 надзори и контроли. При спроведените надзори, Државниот пазарен инспекторат, изрече 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50 прекршочни платни налози. Во истиот период, се забележува намалување на бројот на издадени решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на COVID-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од коронавирус, соопшти владината прес-служба.

Во изминатите седум дена Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил 117 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. Притоа, овој инспекторат кој покрај вршењето на надзори во здравствените установи, е задолжен и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издал вкупно 6.576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на COVID-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од COVID-19, со што продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршиле 3.159 контроли и 582 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и според материјалните закони.

– При спроведените надзори, изречени се 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за две угостителски објекти во Скопје и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово и Куманово, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози, се вели во соопштението.

Во истиот период Инспекторат за транспорт извршил 39 надзори, при што за непочитување на материјалните закони се изречени три прекршочни пријави и едно решение. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите седум дена извршил 547 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места.

-Притоа инспекторатот изрече 19 решенија и четири прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително согласно овој закон  се издадени четири ППН заради неносење на заштитна маска на работно место, информираат од Владата.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД, пак, во истиот период спровела 18 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата, односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при тоа не се констатирани неправилности.

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 318 надзори, при што издадени се 16 решенија, 24 едукации и 1 ППН, по основ на нерегистриран оператор, непостапување  по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање, чување и означување на производи.

Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела извршил вкупно 37 надзори. Притоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донеле девет решенија согласно Законот за водите и Законот за управување со отпад за правни субјекти од Радовиш, Струмица, Ресен и Општина Илинден.

Согласно епидемиолошките насоки, потсетуваат од Владата, од утре стапува на сила новото работно време за угостителските објекти до 21 часот. Со оваа одлука, велат, завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензинските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети. Од Владата најавуваат дека инспекциските служби и во следниот период ќе продолжат со интензивни контроли на терен во делот на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони. 

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе