49-то издание на МОТ од 15 до 21 ноември во Скопје

МКЦ го најавува 49-тото издание на Млад отворен театар (МОТ), од 15 до 21 ноември, со театарски настани, претстави, работилница кои ќе се реализираат со огромна поддршка на МОТ-овската мрежа која со страст е создавана изминативе децении.

Ова издание на фестивалот се отвора со минатогодишните победници, независната продукција, театарот „Златен Елец“ и претставата „Хинкеман“ по текст на Ернест Толер, во режија Тамара Стојаноска. Иако се осамени како независен театар на репертоарот, сепак, по регионалните награди, тие ја заслужија сцената и завесата на МОТ ќе се крене со нивната нова премиера. Антивоената тема која се провлекува во нивната претстава го најавува и мотивот на годинешниот МОТ.

„Во време кога светот се соочува со две војни, програмата на овој МОТ го изнесува својот активистички став со кој во фокус ги става темите кои го запалија светот, а во нашето општествено политичко секојдневие не добиваат соодветно значење“, вели Русе Арсов.

Претставата „Хинкеман“ ги истражува бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. Таа ерупција на омразата меѓу луѓето и нациите е препознатлив знак на духот на времето во кое живееме и денес. Па осаменоста на човекот во таков пејзаж е доволно податлив, за со неа да се бави претставата „Без крв“, која е продукција на двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ копродукција на Драмски театар – Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес. Воената тема пластично ќе ја доловат шесте брилијантни актерки од Украина кои ќе ги раскажат своите приказни распнати меѓу војната и нивните секојдневни животи и нивните семејства и за тоа како ова состојба го има променето нивниот однос кон животот во перформансот „Танцот на смртта“ на Ле Пре/Дак Театар. Перформансот е создаден кратко по почетокот на руската воена агресија и во моментов овој музичко – театарски проект ужива огромна популарност, а негови членови се дел од музичкото фрик – кабаре „Ќерките на Дак“ (Dakh daughters) од Киев.

„Додека светот гори во глобален контекст, на локално ниво ние водиме војна за МОТ. Се бориме и со минимум буџет покажуваме дека МОТ не е осамен, бидејќи солидарноста на глобалната МОТ-овска мрежа го овозможува и ова 49-то издание на фестивалот. Инстинктот за преживување е силен, еднаков како љубовта која го шири овој МЛАД 'средовечен' фестивал“, продолжува Арсов во името на тимот на МКЦ.

реклама

Три најопасни жени во Зодијакот

Read more

Десерт на денот: Австрискиот кајзершмарн е сличен на палачинки

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Read more

Култура

Изложба (Ре)откружено во Крива Паланка

Read more

Отворен повик за наградата Квир Македониум

Read more

Градот како сцена: Пловечки универзитет - предавање, работилница и шетачка театарска тура по улиците на Скопје

Read more

Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е новиот директор на НУ Охридско лето

Read more
 

Вести

Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски ќе прифати минимална плата од 450 евра ако се усогласат работодавачите и работниците

Читај повеќе

Полициско возило излета од патот Охрид-Кичево: Повредените полицајци пренесени во болница

Читај повеќе

Трендафилов: Минималната плата не само 450 евра, туку и повеќе е барање на работниците

Читај повеќе

Спречен терористички напад на божикен панаѓур во Германија

Читај повеќе

Доаѓа драматична зимска бура во Европа, ќе зафати и дел од Балканот

Читај повеќе

Шанса за Центар: Герасимовски ја полни касата од издадени градежни дозволи

Читај повеќе

Обвинение против 4 лица за предизвикување омраза

Читај повеќе

Изложба (Ре)откружено во Крива Паланка

Читај повеќе