5 финтици за Google Maps

Проверете го растојанието помеѓу две локации

Доколку го користите Google Maps на прелистувач, можете едноставно да го проверите растојанието помеѓу било кои две локации. Со десен клик кликнете било каде на мапата и одберете ја опцијата Measure Distance. Потоа, кликнете на другата локација која ви е потребна, за да го измерите растојанието помеѓу нив.

Дознајте го времето на чекање во било кој ресторан

Доколку немате резервација, а сакате да отидете во некој ресторан, можете да го дознаете времето на чекање, односно колку време луѓето се задржуваат во рестораните. Во вашиот прелистувач или на Maps апликацијата за iOS или Android побарајте го расторанот. Потоа, скролнете надоле до листата Popular Times и проверете колку време во кој дел од денот луѓето се задржуваат во тој ресторан.

Вметнете повеќе од една дестинација

Google Maps претежно го користиме за патувања од точка А до точка Б, но може да вметнете и неколку точки помеѓу почетната и финалната дестинација. Притиснете ја плус иконата под вашата дестинација, а на Android и iOS само притиснете ги трите хоризонтални линии во горниот денес агол и одберете Add Stop.

Проверете колку долго ќе се возите со велосипед

Кога патувате со велосипед, постојат иритантни работи како средба со рампа или ѕид или препреки како на велосипедската патека на кејот на Вардар во Скопје кај галијата. За точно да ја испланирате рутата, наместо ипатства за автомобили, одберете ја опцијата за велосипед. Ќе видите и график кој го покажува нагибот на теренот на секој дел од рутата, како и алтернативни патишта кои ќе ве доведат до дестинацијата.

Проверете каде сè сте патувале

Google Maps ве следи каде и да одите. Информациите за вашите патувања може да ги видите тука. Доколку ве исплаши количината на деталите кои Google ги знае за вас, само одберете ја опцијата Manage Location History и таму спречете го следењето на вашата историја на движење.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе