5 играчи кои би можеле да го засилат составот на Кливленд Кавалирс

Како што се наближува февруари, така доаѓаме поблиску до крајниот рок за правење трејдови во НБА лигата. По 8 февруари, тимовите ќе мора да се задоволат со оние играчи кои ги имаат во составот.

Еден од тимовите кој навистина треба да размислува на трејд е Кливленд Кавалирс, кои имаат позиции каде можат да го засилат составот, но ги имаат и потребните ресурси за да направат трејд.

Нормално, некој би можел да рече дека составот на Кавалирс е меѓу трите најдобри во лигата, но тоа не значи ништо кога ќе се земе во предвид дека Голден Стејт Вориорс имаат далеку подобар состав од нив. За да атакуваат на шампионската титула, на Кавалирс им треба многу повеќе од само здрав Леброн Џејмс.

Ова се пет играчи кои до крајот на трејд периодот би можеле да завршат во редовите на ланскиот финалист.

 

Џордан Кларксон

Составот на Кавалирс е полн со играчи кои играат на позицијата на Кларксон, но ниту еден од нив го нема истиот сет на вештини како бекот на Лејкерси. Покрај тоа, со трејдање за него Кливленд може да се ослободи од играчи кои им го оптоваруваат селари кепот, од типот на Ченинг Фрај и Иман Шамперт.

 

Кортни Ли

Шутерот на Њујорк Никс е еден од најпочитуваните „3 & D“ (тројкаш + одбранбен играч) во лигата. Кавси имаат шутери во Кајл Корвер и Џеј Ар Смит, но немаат ниту еден играч кој би можел да одигра одбрана против Стеф Кари во евентуалното финале против Вориорс. Освен тоа, екипата на Никс е многу млада и сигурно ќе сака да се ослободи од 32-годишниот Ли.

 

Марк Гасол

Шпанскиот центар е многу разочаран од состојбата во која се наоѓаат Мемфис Гризлис и сака да го напушти тимот за да игра во плејофот со друг тим. Со оглед на недостатокот на дефанзивна цврстина и ефикасност под кошевите на Кавалирс, ова би можел да биде идеалниот трејд за нив. Покрај тоа, во моментов ќе биде многу лесно да се преговара со Мемфис бидејќи тие би барале само некој од младите играчи на Кавс (Жижиќ, Осман) и евентуално Тристан Томпсон, кој и онака ќе стане вишок во истиот момент кога Гасол ќе го облече дресот на Кавалирс.

 

Никола Миротиќ

Со оглед на формата во последно време, Никола Миротиќ би можел да биде поентерот кој Леброн Џејмс го бара покрај себе. Миротиќ е крилен центар со одличен шут за три, играч каков што му е потребен на секој тим. Тој има и желба да си оди од Чикаго, со што веројатно му се намалува вредноста која Булси можат да ја бараат за него. Пакет од Шамперт и Жижиќ би можел да биде доволен за овој трејд.

 

Деандре Џордан

Ако Кавси сакаат да донесат докажана ѕвезда во врвот на кариерата, веројатно Џордан е единствената реална опција. Клиперси тешко ќе се откажат од Деандре, бидејќи тој и понатаму е клучен дел од одбраната на овој тим, но ремонтот на тимот почна уште летово, па не треба да биде изненадувачки доколку го видиме Џордан во дресот на Кавси. Пакетот кој го бараат Клиперси се состои од Тристан Томпсон, Иман Шамперт или Чеди Осман, и пикот од прва рунда на Бруклин Нетс, кој е во сопственост на Кливленд. Тешко е да се поверува дека Кавси би биле спремни да се ослободат од толку многу ресурси, но двата тима веројатно ќе можат да најдат некаков компромис.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Кошарка

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Read more

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Read more

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Read more

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Read more
 

Спорт

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе