5 играчи кои имаат нешто да докажат оваа НБА сезона

Новата сезона во НБА лигата се очекува да донесе голема борба за титулата, иако како јасен фаворит се одвојува тимот на Голден Стејт. Но, освен тоа, оваа сезона треба да ја гледаме и како поле за докажување на одредени играчи.

Како и секогаш, едвај го чекаме почетокот на првиот натпревар од новата сезона на НБА. Некој како фан, некој како кежуал гледач, но за сите љубители на кошарката првиот натпревар е празник кој го очекуваме цело лето. Но, освен за фановите, првиот натпревар е битен и за неколку од играчите во лигата, кои го гледаат како почеток на нешто ново, на свеж старт, или едноставно како шанса да ги исправат грешките направени во минатото.

Во продолжение, 5 играчи кои имаат нешто да докажат во новата сезона.

Милош Теодосиќ

Почнуваме од Балканот, односно од играч кој доаѓа од овие простори. Милош Теодосиќ конечно пристигна во НБА лигата, откако многу долго време се шпекулираше за неговата преселба преку океанот.

Сега, кога си го најде своето место во тимот на Лос Анџелес Клиперс, треба да докаже дали може да се снајде во натпреварување кое има малку поразлични правила, и кое бара далеку поголема физичка спремност. Милош Теодосиќ е класа, еден од ретките кошаркари кои со своите потези можат да пружат максимално уживање за гледачите. Но, возраста би можела да претставува проблем. Доаѓањето во лигата со 30 години никогаш не е лесно, но Милош е борец и шампион кој никогаш претходно не потклекнал пред предизвикот.

Џоел Ембиид

Центарот на Филаделфија минатата недела доби огромен нов договор со тимот, со кој ќе заработи 148 милиони во наредните 5 години.

Во оваа сезона тој треба да докаже дали може да остане здрав, и дали повредите не му влијаат на физичките перформанси. Тој лани ги одигра првите минути во НБА, иако беше драфтуван во лигата во 2014 година. Одигра само 31 натпревар, во кои, за воља на вистината, беше импресивен, пред потоа повторно да се повреди и да го пропушти крајот на сезоната.

Сега, очите на фановите на Филаделфија се вперени во него. Тој докажа дека може да биде шампион на Twitter, пишувајќи ги најсмешните твитови на социјалната мрежа, но во новата сезона од него се очекува да биде лидер на оваа нова генерација на Сиксерси.

Ламаркус Олдриџ

Откако Олдриџ потпиша со Сан Антонио Спарс, цело време е во сенка на Кавај Ленард и често е мета на критики на фановите на НБА лигата. И тоа оправдано.

Неговите први две сезони со Спарси беа разочарувачки. Ниту еднаш не успеа да дојде до просек од барем 20 поени по натпревар, иако додека играше за Портланд беше познат како машина за поентирање. Освен тоа, неговите настапи во плејофот беа крајно разочарувачки, некогаш постигнувајќи и едноцифрен број на поени.

Во новата сезона тој мора да ја подигне својата игра, посебно доколку го добие новиот договор за кој се шпекулира деновиве. Конкуренцијата во Западот е посилна од било кога, па на Спарси ќе им треба секоја помош што можат да ја добијат.

Демаркус Казнс

Казнс, или попознат како „Буги“, лани беше трејдуван во Њу Орлеанс Пеликанс, каде сега игра во тандем со Ентони Дејвис. Во лигата нема друго дуо од високи играчи како што имаат Пеликанс, но тие сепак не успеаја да стигнат во плејофот лани.

Проблемот на Буги никогаш не бил во статистиката. Тој е најдобриот поентер помеѓу центрите, а е и натпросечно добар скокач. Неговиот проблем е дисциплината. Казнс е познат како голем проблем во соблекувалната, често предизвикувајќи кавги помеѓу со тренерите и играчите.

Во новата сезона тој мора да докаже дека знае да биде смирен и дека може да формира успешен тандем со Дејвис. Доколку овие двајца играчи функционираат како што треба, целата лига би била преплашена да се приближи до кошот на Пеликанс.

Крис Пол

Не, Крис Пол нема потреба да докажува ништо во играчка смисла. Тој е сигурен Hall of Fame играч и е еден од најдобрите плејмејкери кои некогаш стапнале на НБА терените.

Но, мора да докаже дека знае да игра во екипа со уште еден играч кој ја сака топката во своите раце, во случајов Џејмс Харден. Пол е познат како голем авторитет и многу строг играч, како на теренот, така и во соблекувалната.

Хјустон е негова последна шанса да освои титула (барем како првотимец и ѕвезда, не како грејач на клупа), така што ако сака да го искористи потенцијалот на тимот кој го имаат Рокетси, треба да покаже дека знае да игра без инает, и да не дозволи егото да му попречи во играта.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Кошарка

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе