5 јануари 1968, почнала Прашката пролет во Чехословачка
Истиот ден кога словачкиот реформист Александер Дубчек бил избран за прв секретар на Комунистичката партија на Чехословачка почнале и масовните протести за поголеми човекови права кои станале познати како Прашка пролет.
Дубчек се залагал за децентрализација на економијата и демократизација на државата, ослободување на медиумите од политичката контрола, слобода на говор и слобода на движење.
Реформите на Дубчек предизвикале незадоволство кај Советскиот Сојуз по што во втората половина на август Варшавскиот пакт извршил инвазија врз Чехословачка задушувајќи ја Прашката пролет и реформите на Дубчек.