5 јули 1946 светот првпат виде бикини
На денешен ден, 5 јули, во 1946 година во Париз, Франција, за прв пат бил промовиран дводелниот женски костим за капење - бикинито.
Модерните бикини ги креирал инженерот Луј Рир во Париз во 1946 година. Двете мали парчиња облека за капење ги именувал токму по полигонот за нуклеарни тестови односно Атолот Бикини бидејки мислел дека возбудата која ќе ја предизвика облеката ќе биде еднаква на експлозија на атомска бомба.
Костимот на Рир е рафинирање на работата на Жак Хајм, кој два месеца претходно го претставил Атом кој го рекламирал како најмалиот костим за капење во светот. Во тоа време не можел да најде модел кој ќе сака да му ја носи креацијата, па на крајот морал да ја најми разголената танчарка Мишелин Бернардини од клубот „Casino de Paris“.