5 јули 1996, овцата Доли станала прво клонирано животно
На денешен на живот дошол првиот успешно клониран цицач на светот, овцата позната под името Доли.
Клонирана била од соматска ќелија од шестгодишна овца, а на неа работеле научници од Институтот Рослин во Единбург, Шкотска. Живеела шест и пол години, сѐ до 14 февруари 2003 година.
Имаше кодно име 6LL3, кое ѝ го дале фармерите кои помогнаа при нејзиното раѓање. Доли станала една од најпопуларните овци во светот, но за неа и ден денес кружат многу контроверзии.
Нејзиното препарирано тело денес е изложено во Кралскиот музеј на Шкотска.