










5 јуни 1945, сојузниците ја поделиле Германија
Откако сојузничките сили ги поразиле нацистите, воспоставиле целосна контрола над Германија и воедно ја поделиле.
Источните делови, оние што не се во територијата на денешна Германија, биле припоени кон Полска. Останатата територија била поделена на 4 зони, 1 протекторат и два града со посебен статус.
Обединетото Кралство го добило под своја контрола северозападниот дел, САД ја зеле Баварија и дел од Централна и Западна Германија, Франција добила најмал дел откако првичната поделба воопшто не ја вклучувала, а потоа добила делови од западниот дел. Североисточниот дел заминал кај СССР.
Градот Бремен, кој се наоѓал во британската зона, бил под американска контрола, а Берлин бил поделен на 4 зони од кои потоа источниот дел, бидејќи бил под СССР, останал одделен од западниот и тоа со ѕид.
Областа Сар станала протекторат под француска контрола сѐ до 1957 кога влегла во состав на Западна Германија.
Како независни држави, Западна Германија и Источна Германија биле воспоставени во 1949 година. Обединувањето на сите територии, освен оние што ги добила Полска, се случило во 1990 година.