5 книги кои Бил Гејтс препорачува да ги прочитате

До неодамна тој беше најбогатиот човек во светот, а откако веќе не е на чело на компанијата Microsoft, Бил Гејтс има многу повеќе време за читање и пишување рецензии за книгите кои ги чита. Тој направи листа од 5 книги кои смета дека секој треба да ги прочита.

Со неговиот блог Gates Notes, тој се претставува на јавноста и како одличен критичар на книгите кои ги чита, а често пишува и препораки за оние кои сакаат да се доближат до начинот на размислување на познатиот мултимилијардер.

„Иако е интересно да се запознавам со луѓе и постојано да шетам на нови локации, сметам дека книгите сепак се најдобриот начин на запознавање на светот околу нас“, рече Бил Гејтс.

Ова е листата на книги кои му оставиле најдобар впечаток во изминатата година, и кои Гејтс смета дека треба да ги прочитате:

„The Best We Could Do“ од Ти Буи – книга во која се раскажува за комплицираната врска помеѓу родителите и децата, во која нараторот преку лично искуство учи колку тешко е да се одгледува дете.

„Evicted: Poverty and Profit in the American City“ од Метју Дезмонд – освестувачко дело на Дезмонд во кое на читателите им се покажува една друга страна на САД.

„Believe Me: A Memoir of Love, Death and Jazz Chickens“ од Еди Изард – автобиографија на познатиот комичар трансвестит во која тој убедува дека е сосем прифатливо да си различен и да се истакнуваш во светот.

„The Sympathizer“ од Виет Тан Нгујен – книга за војната во Виетнам, но со нов поглед на светот и конфликтот кој се случуваше таму.

„Energy and Civilization: A History“ од Вацлав Смил – дело во кое Смил го објаснува процесот и борбата на луѓето да најдат нови видови на обновлива енергија.

Читањето на било која од овие книги ќе ве снабди со нови знаења на теми кои ви се познати или непознати. Книгите ќе ви ги отворат очите за светот околу вас, и ќе направат повеќе да го почитувате вашето опкружување.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе