5 начини како да си ја вратите желбата за секс

Често се јавува проблем кога едниот од партнерите сака повеќе секс, додека другиот повеќе сака да прави некои други активности.

Во долготрајните хетеросексуални врски, жените обично сакаат да се чувствуваат емотивно поврзани пред да одлучат да имаат секс, додека мажите таа емотивна врска ја имаат по сексуалниот однос.

Се разбира, ситуацијата може да биде и обратна. Во секој случај, тоа создава чувство на отфрлање, фрустрација и незадоволство кај двајцата партнери. Еве што да направите ако тоа се случи...

Планирајте ги сексуалните средби

Да, ставете го сексот во вашиот календар. Можеби не звучи „секси“ или „спонтано“, но треба да го одредите времето кога сте целосно слободни и неоптоварени.

Не мора нужно да очекувате секс, само создадете прозорец на можности за да се случи секс. Сексот започнува во мозокот. Затоа, обидете се секси однесувањето да биде редовно на вашиот календар. Што правите со тоа време целосно зависи од вас двајца, но забавувајте се. Можете да се галите, орално да се задоволувате, да си раскажувате секс фантазии...

Сексот е на прво место, храната на второ

Ако имате закажано романтичен состанок, имајте секс пред вечерата. Никој не сака да има секс кога е подуен, има гасови и е уморен. Ова често доведува до чувство на разочарување кога ноќта не оди според планираното.

Идентификувајте ги вашите пречки и што ве возбудува

Откријте што ве кочи и што ве возбудува. Треба да ги елиминирате работите кои ве погодуваат, а да ги засилите оние кои ве „палат“.

Волја и расположение

Направете навика да бидете подготвени да се вклучите во активности кои ќе предизвикаат возбуда. Смислете неколку идеи кои ќе ве расположат. Ова ќе помогне да се одржи врската помеѓу вас и вашиот партнер. Кога паровите се чувствуваат поврзани, имаат поголемо задоволство во врската. Доколку се чувствувате задоволни во вашата врска, бидете подготвени да се вклучите во работи кои ќе ја поттикнат возбудата која ќе доведе до желба. Овие работи можат да бидат психички или физички.

Танцувањето е одличен начин да се предизвика возбуда, па затоа вежбајте заедно, пробувајте нови работи.

Фокусирајте се на предиграта

Предиграта е од суштинско значење за двајцата партнери. Не ограничувајте ја предиграта со неколку минути до секс. На жените често им требаат 20-45 минути за да го достигнат врвот на возбудата, поради што не треба да се занемари предиграта.

Вашата имагинација е единствената граница овде. Оставајте му романтични писменца, праќајте секси СМС пораки во текот на денот, преземете иницијатива и потрудете се партнерот да се чувствува посебно.

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Љубов и секс

10 прашања што откриваат каков е навистина вашиот сексуален живот

Read more

Љубовен неделен хороскоп: Лавови и Ваги, подгответе се за изненадувања

Read more

Две причини зошто мажите одлучуваат да стапат во брак

Read more

Хороскопски знаци кои често остануваат во лоши и токсични врски

Read more
 

Магазин

Полжавчиња со афион и цимет - одлични се со шолја кафе, чај или млеко

Читај повеќе
  • play_arrow

Силна бура создаде застрашувачка глетка на небото во Оклахома - како да пукнала нуклеарна бомба

Читај повеќе

Примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден: Филмската приказна ќе заврши на суд во Кина

Читај повеќе

10 прашања што откриваат каков е навистина вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто велосипедот треба да стане вашето редовно превозно средство?

Читај повеќе
  • play_arrow

92-годишен дедо нокаутираше двајца насилници среде улица

Читај повеќе

Koja е најдобрата положба за спиење кога имате настинка или грип?

Читај повеќе
  • play_arrow

Земи си мачка, да ти биде забавно дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Корејски специјалитет: Месо потпечено со павлака и јајца

Читај повеќе