5 најчести грешки при кардио тренинг

Веруваме дека повеќето од вас практикуваат кардио тренинг за да изгубат несакани масни наслаги. Меѓутоа, доколку овој тренинг не го изведувате на правилен начин, на вашето тело може да му предизвика повеќе штета отколку корист.

Избегнувајте ги вообичаените грешки, останете здрави и потрошете до 25% повеќе калории. Ќе наведеме примери на грешки при изведување на кардио тренинг на лента за трчање, меѓутоа тие можат јасно да се пресликаат и на другите начини при изведување на кардио тренинг.

Напрегање на вратот

Напрегањето на вратот за да успеете за време на одењето на подвижната лента да гледате телевизија или да комуницирате со личност која е до вас е погрешно. Извртувањето на вратот на било која страна може да доведе до неправилна положба на целото тело кое во тој момент е во движење, што може да предизвика тешки повреди.

Придржување

Придржувањето и подигнувањето на вашето тело со помош на рацете не е прифатливо бидејќи кардио тренингот не се практикува со цел самозалажување.

Подигнувањето на нозете од лентата за движење и придржувањето со раце може да доведе до губење на 25% помалку калории. Доколку темпото на изведување на тренингот ви стане неподносливо, прилагодете ја брзината или оптеретувањето на истото и со помош на целото тело продолжете го тренингот правилно.

Стоење преблиску

Знаеме дека доколку стоите преблиску до предниот дел од лентата настојувате да спречите можен пад и повреди. Никој не дошол на тренинг за да се повреди, меѓутоа претераната превенција може да доведе до спротивен ефект.

Секоја справа е произведена на начин да предложениот начин на нејзино користење воедно претставува и најбезбеден начин. Држете се до средината на лентата од причина што со тоа не ја скратувате должината на вашите чекори.

Подесување на оптоварувањето

Многу луѓе ја подесуваат лентата на најголемиот можен агол на искачување, со цел да постигнат најголем ефект. Ова е пожелно, меѓутоа не на секој тренинг. Доколку секој тренинг го изведувате на еднаков начин, секој пат ќе ги активирате истите мускулни групи.

Менувајте го оптоварувањето, односно аголот на лентата на секој тренинг, за да оптоварите различни мускулни групи.

Исправно подесување на оптоварувањето и темпото

Дури и лесно одење е подобро од седење и гледање телевизија. Меѓутоа, доколку сте го заклучиле истото, бидете подготвени истото да ви донесе и одредена корист. Не си го олеснувајте тренингот доколку немате валидна здравствена причина за тоа. Доколку можете, вежбата правете ја со брзо темпо.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фит

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more

Зошто е поважно да одржувате кондиција, отколку да слабеете?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе