Бизнис

5 најдобри области за почнување на бизнис

14. ноември 2017 - 15:22 | М.Д.

Доколку сакате да ги вложите вашите пари и да зпочнете бизнис, или едноставно да се вработите, порталот „Inc“ состави листа од најперспективните области.

Еве за кои области станува збор:

1. Сервиси за здравје на далечина – Телемедицина

Научниците очекуваат оваа индустрија да забележи пораст за околу 39 отсто од сега до 2020 година. Во меѓувреме расте пазарот на електронски уреди, комбиниран со желбата да се намалат медицинските трошоци и се поголемиот број на постара популација (во сите делови на светот).

Докторите во иднина ќе мораат да станат толкувачи на податоци, со помош на технички помагала и да дадат дијагноза на состојбата како и потребна терапија.

2. Софтвер за снимање на филм

Потребата за ваков софтвер не доаѓа само од Холивуд, туку и од оние кои развиваат видео – игри и во области на медицината и науката. Се верува дека до 2019 година оваа индустрија ќе порасне за 43 отсто.

3. Игри на социјалните мрежи

Се сеќавате на социјалната зараза „Farmville“ ? Истражувачката компанија „IBIS World“ смета дека социјалните игри како што е токму „Farmville“ допрва ќе доживеат бум и дека ќе забележуваат пораст од 12 отсто секоја година. Растот е поттикнат од се поголемиот број на луѓе поврзани на социјалните мрежи ширум светот и паметните телефони.

4. Производи за нега на кожата – подмладување

Не е во прашање само козметика, туку и разни други продукти кои подмладуваат и разубавуваат. Поттикнати се од се поголемата опседнатост за подмладување. Иднината која се прогнозира за вакви производи е раст од 6 отсто годишно до 2020 година.

5. Персонализирана медицина

Од медицината во иднина се очекува многу. Постои потреба за подобри средства за дијагностицирање на разни болести. Да не зборуваме за се поголемата распространетост на ракот. Научниците очекуваат дека оваа област до 2022 година ќе расте за 11.8 проценти годишно. 

Коментирај