5 намирници кои може да ги намалат знаците на стареење

Д-р Кејана Емамиан, естетски лекар и специјалист против стареење, тврди дека хранливата исхрана може да помогне да се задржи кожата хидратирана и да се намали сувоста во студените зимски месеци.

„Диетата богата со хранливи материи може да направи голема разлика во зима“, изјави таа за Daily Express.

Исто така нагласи дека изборот на вистинската храна може значително да ги намали знаците на стареење и брчките.

Првата храна на нејзината листа е авокадото, кое е богато со мононезаситени масти и витамин Е.

„Авокадото помага да се задржи влагата во кожата, ја одржува еластичноста и штити од оштетување од слободните радикали“, објаснува д-р Емамијан.

Бобинките, како што се боровинки, јагоди и малини, се на второ место поради нивната висока содржина на антиоксиданси и витамин Ц.

„Витаминот Ц е клучен за производството на колаген, протеин кој ја одржува кожата цврста и младешка“, објаснува докторката, додавајќи дека редовното консумирање може да ги намали брчките. Ова овошје има и антивоспалителни својства, што го прави идеален за ублажување на зимската сувост и иритација.

На трето место се масните риби, како лососот и скушата, кои лекарите ги препорачуваат поради високата содржина на омега-3 масни киселини.

„Омега-3 ја зајакнува бариерата на кожата, ја задржува влажноста и го намалува воспалението“, вели д-р Емамијан.

Редовното консумирање на оваа риба, барем два пати неделно, може значително да ја подобри хидратацијата на кожата, додава таа.

Темниот лиснат зеленчук, како што се кељот и спанаќот, се исто така важни бидејќи содржат витамини А и Ц, кои го стимулираат обновувањето на кожата и производството на колаген.

Конечно, на петто место се јаткастите плодови и семките, како што се бадемите, оревите и чиа семето, кои се одличен извор на витамин Е, цинк и есенцијални масни киселини.

„Овие намирници ја смируваат сувата и иритирана кожа и ја подобруваат еластичноста“, вели д-р Емамијан. Комбинацијата од овие пет супернамирници може да биде клучот за блескава и здрава кожа цела зима.

реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Здравје

Што се случува со телото ако ги исфрлите млечните производи од исхраната?

Read more

Клучот за намалување на ризикот од рак на дебелото црево е во вашиот фрижидер

Read more

Рани знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц

Read more

Страдате од главоболки? Можеби имате недостаток на клучна хранлива состојка

Read more
 

Магазин

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Читај повеќе

Трупате фотки во телефонот? Можеби имате ментално растројство

Читај повеќе

Гестови со кои ја покажувате љубовта за партнерот: Ја одржуваат вашата врска силна

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои се подготвени за голем деловен успех во 2025 година

Читај повеќе

Како јадењето киви еден час пред спиење може да ви помогне побрзо да заспиете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Читај повеќе

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Читај повеќе

Зимски прошетки и кучиња: Дали е неопходна јакна за вашето милениче?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако ги исфрлите млечните производи од исхраната?

Читај повеќе