5 работи кои можат да предвидат развод

Експертите се сложни дека во врските може да се препознаат знаци кои укажуваат дека партнерите се несреќни. Затоа, ако однапред ги препознаеме сигналите кои упатуваат на развод, ќе може навреме да донесеме правилни одлуки.

Експерти за Бустле открија кои сигнали укажуваат на можен развод:

1. Не се сложувате околу носење одлуки

Ако со партнерот не може да се сложите околу повеќето работи, тоа може да укажува дека не сте компатибилни и не може да комуницирате ефикасно за да работите како тим.

„Тоа може да мириса на развод“, вели д-р Џудит Таненбом, психотерапевт од Њујорк која советува да разговарате за важните одлуки со некој кој објективно ги гледа двете страни.

2. Само вие правите отстапки

Правењето компромис во бракот е многу важно, но ако се чувствувате како само вие тоа да го правиме, а во прв план се само животните навики на вашиот партнер, но не и вашите, ќе бидете незадоволни, смета Ерика Феј, семеен и брачен терапевт.

„Ако постојано ги подредувате важите желби и потребни во однос на партнерот, мора да се запрашете што добивате од таа врска“, вели таа.

3. Сакате различни работи

Ако имате различни желби и цели во животот, па посакувате да бидете со некој со кој се поклопувате во тие желби, тоа може да доведе до развод. Затоа треба да разговарате за тоа што и двајцата го сакате и да видите што може да направите по тоа прашање.

4. Партнерот ве потценува

Како што вели Џон Готман, психолог од Универзитетот Вашингтон, во браковите во кои едниот партнер мисли дека е над другиот тоа може да биде предзнак на развод. Еднаквоста е многу важна и затоа трудете се партнерот секогаш да биде покрај вас и до вас, а не под вас.

5. Лоша комуникација

Готман додава дека паровите кои доста викаат еден на друг, се критикуваат или не разговараат за ништо се во поголем ризик на развод, особено ова важи за младите брачни парови.

Ако видите дека тешко комуницирате нормално со партнерот, одете на терапевт со цел да најдете заеднички јазик.

Тагови
реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

На која возраст жените имаат најсилен сексуален нагон?

Read more

Евакуирани повеќе објекти во центарот на Скопје

Read more

Знаци кои укажуваат дека имате висок холестерол

Read more

Љубов и секс

Грешка што ја прават паровите кога сакаат да си го подобрат сексуалниот живот

Read more

Седум знаци дека врската ви е завршена, ама не сакате да признаете

Read more

На која возраст жените имаат најсилен сексуален нагон?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Топ 10 светски тајни кои никогаш нема да бидат откриени

Читај повеќе

Како и каде треба да го чувате биберот?

Читај повеќе

Грешка што ја прават паровите кога сакаат да си го подобрат сексуалниот живот

Читај повеќе

Како едноставно да се ослободите од мразот во замрзнувачот?

Читај повеќе

Дали свежото овошје и зеленчук секогаш се поздрави од замрзнатите?

Читај повеќе

Седум знаци дека врската ви е завршена, ама не сакате да признаете

Читај повеќе

Децата не кажуваат дека се анксиозни, но тоа го покажуваат

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет рецепти за есенски крем чорби

Читај повеќе

Зошто ја користиме изреката „станал на лева нога“?

Читај повеќе