5 работи кои пандемијата ги промени во нашите животи

Пандемијата промени многу работи во секојдневието на нашите животи и донесе нови правила. Како се одрази на нашиот приватен живот и на работата?

Работењето од дома стана нормална работа

За професиите и фирмите за кои е изводливо, повеќето вработени ги заменија своите канцеларии со својот дом, а деловните процеси се префрлија онлајн. Состаноците почнаа да се одржуваат преку Zoom, Skype и други алатки за онлајн комуникација. Иако поголемиот број од вработените се вратија на своите работни места, голем број фирми одлучија и понатаму да продолжат со работа од дома.

Се промени начинот на кој купуваме

Иако трговските центри и продавниците ги отворија своите врати, процесот на купување има нови правила и задолжително е носење на маски, дезинфицирање на рацете при влез и одржување растојание. Бизнисите од секторот трговија сфатија дека треба да функционираат и како онлајн продавници, а многу луѓе кои претходно не го правеле тоа, почнаа да купуваат онлајн.

Дружењето се префрли онлајн

Можеби најголемиот предизвик за време на пандемијата беше одржувањето на физичкото дистанцирање да не се претвори и во друштвено дистанцирање, туку да се одржат контактите со роднините и пријателите. Во ова, помогнаа технологијата и друштвените мрежи.

Слободното време почнавме повеќе да го поминуваме во природата

Поради физичкото дистанцирање и избегнување на дружење со поголеми групи луѓе, викендите и слободното време почнавме да го поминуваме повеќе во природа, рекреирајќи се и истражувајќи нови места. Седењето на кафе и во кафани го заменивме со долги прошетки, возење на велосипед и останати физички активности. Многу од нас го заменија јавниот превоз со велосипед.

Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана
Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана
Грижа за сопственото здравје и своите најблиски

Пандемијата не потсети и колку е важна грижата за сопственото здравје и колку е важна едноставната хигиена на рацете. Нè освести и дека на постарите им треба наша помош и дека со нашето одговорно однесување можеме да го сочуваме и нивното здравје.

Тагови
реклама

Хороскопски знаци кои важат за најдобри во секс

Read more

Вакцината нема да биде семоќна, маски ќе носиме со години

Read more

Шест ритуали што жените задолжително ги прават пред да имаат секс

Read more

Видео од деветгодишниот Хабиб во борба со мечка го одушеви интернетот

Read more

Живот

Нацртано: Нега на собните растенија на преминот кон ладна сезона

Read more

Принцот Хари: Дури со Меган го сфатив проблемот со несвесната расна пристрасност

Read more

Хороскопски знаци на кои во следните пет години сѐ ќе им оди од рака

Read more

Карактерни особини на Скорпиите: Тешко вам ако им згрешите

Read more

Магазин

  • filter

Нацртано: Нега на собните растенија на преминот кон ладна сезона

Читај повеќе

Принцот Хари: Дури со Меган го сфатив проблемот со несвесната расна пристрасност

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонски морбиден изум: Тросед кој се претвора во ковчег

Читај повеќе

КОРОНА симптом: Губењето на осетот за мирис е различно отколку кога сте настинати

Читај повеќе

Дали се супермаркетите безбедни места во време на пандемија?

Читај повеќе
  • filter

Десерт на денот: Бомбици од 3 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои важат за најдобри во секс

Читај повеќе

Вакцината нема да биде семоќна, маски ќе носиме со години

Читај повеќе

Шест ритуали што жените задолжително ги прават пред да имаат секс

Читај повеќе