5 работи кои треба да ги направите за побрза продажба на Вашиот автомобил

Продажбата на автомобили не е воопшто лесен процес, впрочем, постојат многу фактори кои што влијаат врз тоа дали полесно или потешко би го продале автомобилот, а неретко се случува луѓето да продаваат сосема солиден автомобил подолг период.

Познавајќи ја фрустрацијата која што се јавува кај секој продавач, во оваа статија, Вие ќе имате можност да прочитате 5 работи кои треба да ги направите а воедно и да ги имате предвид, доколку, се разбира, сакате да постигнете извонредна ефикасност при самиот процес на продажба на автомобили!

#1 Објавете оглас на најпосетениот сајт во државата

Откако ќе донесете конечна одлука околу продажба на вашите автомобили, еден од првите чекори кои што треба да го преземете е одбирањето на сајт кој што се одликува со огромна посетеност, а дури потоа да го регистрирате вашиот оглас.

Причината е и повеќе од едноставна - колку што е посетеноста поголема, толку би биле и поголеми шансите за да полесно ги продадете вашите автомобили, бидејќи на крајот од денот, сѐ зависи од тоа дали вашиот оглас ќе биде забележан од широкиот спектар на заинтересирани купувачи.

На пример, Пазар3 е вистински лидер во Македонија, во овој поглед, бидејќи на дневно ниво, посетеноста ја надминува бројката од рекордни 70.000 посетители, а и веќе е добро познато дека секој оној кој што сака да купи автомобил најпрвин проверува на Пазар3.мк.

Овие податоци со сигурност ќе ви наговестат што можете да очекувате во моментот откако ќе регистрирате оглас, а воедно, и да ви гарантираат успех, бидејќи нема да помине долго пред да стапите во контакт со огромен број на потенцијални клиенти чија што намера е да го купат токму вашиот автомобил кој што го продавате!

Сѐ уште се двоумите? Регистрирајте оглас за продажба на автомобили и дознајте зошто Пазар3 е омилениот избор кај десетици илјади посетители ширум Македонија!

#2 Внесете ги потребните информации за возилото

Објавувањето на огласи на Пазар3 е повеќе од лесен и едноставен процес, а тоа се должи благодарение на алатката за регистрирање на огласи која што ќе Ви помогне со само еден клик, вашиот оглас да го пронајде своето место на најпосетениот огласувачки сајт во Македонија.

Но, за клиентите добро ја разберат вашата порака пренесена преку оглас, потребно е да се обрне внимание на начинот на кој што ги уредувате огласите, а тоа вклучува пишување на читливи, едноставни за разбирање, и концизни огласи со јасно дефиниран наслов, опис и завршен дел.

Па така, одбегнувајте да објавувате огласи кои целосно се сочинети од „prodavam avtomobil“, а наместо тоа, во описот наведете повеќе информации oколу брендот на возилото - BMW, Audi, Volkswagen, Ford, Mercedes, Opel, Peugeot, Fiat, Renault, Seat, моделот, цената, опремата, километражата и состојбата - дали се работи за нови или половни автомобили, и сл.

На крајот, во завршниот дел, внесете го вашиот телефонски број за контакт или e-mail адреса, бидејќи тоа ќе им помогне на заинтересираните купувачи полесно да ве контактираат.

#3 Направете добри фотографии

За да ги зголемите шансите за продажба на автомобили, повеќе од неопходно е да прикачите слики во огласот, бидејќи на тој начин Вие ќе ја зголемите ефикасноста на огласите, а покрај тоа, ќе им помогнете на потенцијалните клиенти подобро да се запознаат со автомобилот кој што го нудите.

Имајќи го предвид фактот што живееме во модерно време, речиси секој еден од нас има мобилен телефон со камера, а тоа значи дека фотографирањето нема да Ви одземе голем дел од времето кое го имате на располагање.

Втората опција е да ангажирате и професионален фотограф кој што има искуство во позиционирањето на аглите за фотографирање, светлото и останатите параметри кои се клучни за да сликата изгледа прекрасно.

Во секој случај, ако го правите тоа самите, потрудете се сликите да изгледаат што е можно подобро, да не изгледаат матно, туку напротив, да ја постигнат главната цел а таа е да го привлечат вниманието кај оние кои што се во потрага по моделот што Вие го продавате.

#4 Поставете реална цена

Како сопственици на автомобили, нормално е дека ќе си го цените својот автомобил како да е нешто највредно во животот, а кон ова голем придонес има и фактот што сепак се работи за продажба, која пак може да гарантира одлична заработувачка каква што би сакале да имаме.

Но, да бидеме реални, насекаде во светот, па и во Македонија, луѓето постојано следат многубројни огласи за автомобили, и до некаде знаат како се движат цените, па затоа, потрудете се цената да биде во границите на нормалното, бидејќи никој не би платил неколку илјадници евра плус, доколку нема причина за тоа.

Се разбира, исклучоци постојат, а тоа е кога возилото е ново, одлично сочувано, и има поминато малку километри, така да, во овој случај, вашата цена може да биде за 20-30% повисока од вообичаената цена по која што се продава автомобилот.

Во секој случај, секогаш постои можност за компромис со потенцијалниот клиент, па така, одберете цена која што е реална, или додадете неколку стотини евра плус, а при преговарање, договорете ја конечната цена со купувачот.

#5 Активирајте eкстра опции за побрза продажба

Покрај стандардните опции и алатки кои Ви ги нуди Пазар3, како што се полето за пребарување, филтрите и алатката за регистрирање на огласи, на овој сајт постојат и дополнителни опции кои што се наменети за да имате уште поедноставна и побрза продажба на автомобили.

На пример, опцијата за „посебно означување“ ќе го обои вашиот оглас во впечатлива, жолта позадина која ќе го привлече вниманието кај посетителите.

„Топ позиционирање“ - ќе направи вашиот оглас да се прикаже најгоре во листата со огласи со тоа што Вашиот оглас ќе се истакува од останатите.

„Автоматско обновување“ - целта на оваа опција е да овозможи вашиот оглас да биде обновен на секои 3 дена, односно 6 пати во период од 18 дена.

Постојат и уште многу други опции кои го заслужуваат вашето внимание, бидејќи нивната функционалност значително ќе ви ја олесни продажбата на автомобили, но, и на сѐ друго што планирате да продадете!

Направете основни поправки

Покрај петте работи кои треба да ги направите за да имате брза продажба на автомобили, од огромна важност е и една споредна работа, а тоа е да инвестирате помала сума на пари во основни поправки.

Тоа можат да бидат гребнатинки, промена на моторно масло доколку возилото поминало 5-10.000 километри, хемиско чистење на возилото, одбирање на ароматични мириси, и сѐ останато што би го натерало купувачот да го одбере вашето возило.

За сите овие работи, вашиот буџет нема да биде претерано оптеретен, а за возврат, цената на сите оние автомобили кои ги нудите за продажба би можела природно и да порасне.

Па така, кога ќе дојде периодот за тест возење, потенцијалниот купувач ќе почувствува дека сѐ е во ред со возилото, а воедно, би бил и повеќе од среќен за да ја финализира купопродажбата.

Се надеваме дека овие совети Ви беа и повеќе од корисни, особено при одбирање на сајт кој што ќе ви гарантира сигурна продажба наспроти 5-те работи чие што значење е огромно, бидејќи тие ќе Ви помогнат да ја реализирате Вашата цел во најкус можен рок!

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе