5 работи со кои ја нервирате вашата мачка

Како и на луѓето, така и на животните постојат работи кои им одат на нерви. Можеби токму нешто такво ѝ правите на вашата мачка, а не сте свесни дека ја нервира.

1. Ги оставате сами
Иако мачките се далеку понезависни од кучињата, тоа не значи дека сакаат долго време да се сами. Кога останувате подолго на работа на враќање донесете им нешто за јадење, а дома посветете им малку време играјќи си со нив. Кога на мачките им е досадно или се тажни, тоа го манифестираат преку вршење нужда вон песокот и гризење и гребење по мебелот.

2. Им забранувате да си ги острат канџите
Умереното гребење е природна потреба кај мачките преку што оставаат свој мирис на предметот и плус си ги острат канџите. Исто така тоа им е и свој начин на истегнување. Поради овие причини не треба да им забранувате да гребат. Нормално, нема да им дозволите тоа да го прават на вашиот намештај, но ќе им обезбедите соодветна замена.

3. Гушкање и носење
Мачките не сакаат да се гушкаат, ниту пак да ги кревате и носите. Едноставно тоа им е неприродно и затоа потрудете се да не им го правите често. Тие сами ќе ви покажат дека тоа не им се допаѓа, но исто така и сами ќе ви дојдат на галење и нежност.

4. Чистота
Мачките се доста уредни животни и бидете сигурни дека нема да го користат песокот доколку не е чист.

5. Долг контакт со очи
Во животинскиот свет, доколку две единки долго се гледаат во очи, тоа е јасна порака за закана и агресија и желба за доминација. Кога гледате во вашата мачка, тоа нека биде благ поглед пропратен со повремено трепкање.

Доколку се пронајдовте во било која од овие точки, наредниот пат размислете пред тоа да ѝ го правите на вашата мачка. Читајте го нивниот говор на телото, тие најчесто јасно ќе ви покажат доколку нешто не е во ред.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе