5-те величенствени модели на Porsche
Германската компанија објави видео во кое покажува 5 исклучително ретки спортски модели од својата богата историја. Станува збор за модели изработени во мали серии, а меѓу нив е и 356 America Roadster од 50тите години кој имал само 70 коњски сили, а сите 16 произведени модели биле наменети само за американскиот пазар.