5 видови на собни врати за вашиот дом

Постојат многу различни видови на собни врати со различни функции и намени за кои треба да знаете пред да го реновирате вашиот дом.

Еднокрилните врати се едноставна и поевтина опција која не додава премногу во вашиот ентериер, додека лизгачките врати може да ви заштедат доста простор и изгледаат подобро.

Во овој текст ќе ги разгледаме сите најпопуларни видови на внатрешни врати во Македонија со цел да ви помогнеме да изберете собна врата која најмногу ќе одговара во вашиот ентериер.

Видови на собни врати
  • Еднокрилна врата
  • Лизгачка врата
  • ПВЦ врати
  • Скриена врата
  • Двокрилна врата

Еднокрилни собни врати

Еднокрилните собни врати се наједноставниот модел кој ќе го видите во скоро секој дом во Македонија. Постојат неколку видови на еднокрилни врати:

  • Југо-стандард
  • Американско рамно крило
  • Полна изработка

Југо-стандард: Овие видови на собни врати се едни од најкористените во Македонија, но полека ја губат својата употреба поради тоа што мора фабрички да биде изработена лева или десна.

Американско рамно крило: За разлика од стандардниот тип на внатрешни врати, Американското рамно крило ви овозможува да изберете дали сакате вратата да биде лева или десна.

Југо-стандард и Американското рамно крило се изработени со дрвена рамка и хартиено саке.

Полна изработка: Доколку вашата цел е да купите евтини собни врати, полната изработка не е за вас. Овој тип на собни врати е најчесно изработен од повеќе парчиња дрво кои се залепени и потоа обложени со медијапан и заштитна фолија.

Заклучок: Сите гореспоменати видови на врати се квалитетни, но за најдобар квалитет и изглед, дефинитивно ви препорачуваме да изберете полна изработка, доколку не ви се проблем малку поголеми финансии од „планираното.”

Лизгачки внатрешни врати

Лизгачките собни врати не се најдобра опција доколку сакате добра звучна и топлотна изолација, бидејќи колку и да е добро монтирана, таа не може да дихтува добро како стандардната врата.

Овој вид на врати се користи кога немате доволно простор или сакате да преградите еден со друг дел како што изолацијата не игра никаква улога.

Пример: Одвојување на дневна со кујна и трпезарија.

Скриени собни врати

Скриените внатрешни врати се едни од најскапите и истовремено најмодерните видови на врати кои може да ги купите во Македонија.

За вградување на овој тип на врата мора да планирате при самата изградба на ѕидот, бидејќи самата контрукција се вградува при изработката на ѕидот и потоа се покрива со вашата завршна изработка.

Завршната облога на овој тип на врати ја бира сам клиентот - тоа значи дека може да биде во боја на ѕидот и целосно да не се забележува или да биде обложена со друг тип на материјал и да се прикрие во самиот ентериер.

Скриените врати се нов моден тренд во Македонија (особено во Скопје), и се користат во помодерни и по луксузни ентериери.

Двокрилни врати

Двокрилните собни врати се точно тоа што кажува нивното име - две еднокрилни врати споени во една. Тие се користат за големи влезни простории (пример: ходник кон дневна) и логично, за овој вид на собна врата ви треба поголем отвор, најмалку 160 cm ширински.

На што да внимавате при монтажа на собните врати

Нивелација на вратата: Вратата мора да биде фиксна. Тоа значи дека кога ќе ја отворите до половина, вратата не треба да се отвори или затвори сама од себе - мора да остане на истото место. После монтажа, не заборавајте да го проверите ова за да се осигурате дека собната врата е добро монтирана.

Количество на пурпена: Некои мајстори користат преголемо количество на пурпена при монтажа на внатрешните врати, што не е воопшто добро. Најдобро количество на пурпена е од 6 до 8 точки на вратата (2 долу, 2 средина и 2 горе).

Квалитет на оков на внатрешните врати

Веќе сите се запознаени со фактот дека италијанскиот оков е еден од најквалитетните бидејќи е дизајниран од Италијанец и изработен од Германец (очекувано).

Кваката е само естетски додаток и нема некоја голема разлика во квалитет. Тоа значи дека треба да внимавате на ергономијата на кваката и квалитетот на бравата и шарките. Повеќе се практикува да биде механичка брава, бидејќи магнетните брави често заглавуваат сами од себе.

Собни врати: Заклучок

Ако бидеме реални, најмногу зависи колку сте спремни да потрошите на собни врати. Доколку финансиите не ви се проблем, нашиот совет е да купите внатрешна врата со полна изработка.

Се разбира, американскиот стил на врати кои се изработени од дрвена рамка и хартиено саке се исто така добри.

Скриените врати се одлична опција доколку вашиот дом е моментално во изградба или сте спремни за реновирање од поголем размер.

реклама

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Промо

Празници се ближат! Coca-Cola го најавува караванот што го прославува духот на Дедо Мраз во сите нас

Read more

10 години во Singular низ призмата на првите вработени во македонската канцеларија

Read more

Овие празници Coca-Cola го слават духот на Дедо Мраз во сите нас

Read more

Есенска „генералка“ – брзо, лесно и економично до блескав дом

Read more
 

Ново

Пет загрижувачки начини на кои студеното време влијае на телото

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најубавата собирачка на топчиња која го крсти детето по Рафаел Надал

Читај повеќе

Вечерва во Скандинавија почнува женскиот Мундијал

Читај повеќе

Вонредно коло кај прволигашите: Нов пораз за Вардар, Тиквеш убедлив

Читај повеќе

Германците објавија листа на најквалитетни половни автомобили за 2024 година

Читај повеќе

Ново правило во фудбалот: Се воведува портокалов картон, ќе го покажува четвртиот судија

Читај повеќе

Колку време смеете да го чувате месото во замрзнувач?

Читај повеќе

Свиркачи: ЦИА има заловено најмалку 9 НЛО-а, некои неоштетени

Читај повеќе
  • filter

Dacia Duster 2024 од секој агол

Читај повеќе