5 знаци дека не сте сродни души

Како знаете дека сте ја нашле вашата сродна душа? Има повеќе знаци што укажуваат дека не сте ја нашле, барем не во партнерот со кој сте сега.

Терминот „сродна душа“ можеби звучи премногу романтичарски за некои луѓе, но тоа е термин со кој се опишува личноста со која би требало да го поминете целиот живот, во заедница како што вам најдобро ви одговара.

Ова се седум знаци дека иако врската ви е ок, овој партнер не е вашата сродна душа:

1 Не делите исти вредности

Сите имаме свои вредности и различни приоритети во животот, а со вистинскиот партнер треба да бидете „на иста страница“, а не „во различна книга“. Работите што ви значат вам треба да му се важни и на вашиот партнер и обратно. Можеби ќе имате различни мислења, но спротиставени ставови по клучните животни прашања со тек на време ќе донесат поголем раздор меѓу вас. Како ја дефинирате врската, кој е вашиот став за бракот, воспитувањето деца, погледи кон светот и животот, како и моралните вредности треба да бидат во иста линија кај партнерите.

2 Не ја согледувате гледната точка на другиот

Недоразбирања и расправии меѓу партнерите има и тоа е сосема нормално. Како се справувате со овие ситуации и расправии е клучот на успехот во врската. Дури и кога имате различни мислења, треба да може да ја согледате ситуацијата од гледна точка на другиот, да може да ги сфатите причините зошто така размислува. И да не се согласувате, треба да се разбирате.

3 Врската не ви се вклопува во животот

Кога врската е на ниво на сродни души, треба да имате чувство дека врската ви го подобрува животот. Кога сте заедно, сте подобри. Треба да се помагате и да се кревате еден со друг, а не да се натпреварувате и поткопувате во другите полиња од животот. Секако дека треба да ја задржите вашата индивидуалност и интегритет, но тие особини треба да ги има и заедничката врска, вие како двојка. Исто така, вие како двојка треба да функционирате и надвор од вашиот „меур“, што значи дека ќе има ситуации во кои ќе бидете „вие против светот“ и тогаш треба да сте сигурни дека имате сојузник покрај себе, а не уште еден ривал.

4 Стоите во место

Дали вашата врска го поттикнува најдоброто во вас? Сродна душа е некој кој ве инспирира да бидете подобра личност, да се надоградувате и да градите заедно. Треба да ви дава поддршка, потпора, поттик, а не да ве влече надолу или да биде рамнодушен кон вашите соништа и успеси. Ако вашиот партнер не само што не ве поддржува, туку и ги занемарува вашите стремежи, тој не е вашата сродна душа.

5 Често се прашувате дали вреди да се остане во таа врска

Ако вашата врска е силна, тогаш без разлика со какви тешкотии се соочувате лично или како двојка, знаете дека таа врска е добра за вас. Колку и да се тешки времињата, го имате она охрабрувачко чувство дека ќе ја надминете ситуацијата заедно и тоа е личноста со која сакате да градите иднина. Ако постојано се прашувате дали треба да си заминете или дека воопшто не требало да влезете во таа врска, или пак се прашувате дали вреди да останете и да градите заеднички живот, тогаш треба да се преиспитате дали навистина си го трошите времето на таа личност и таа врска.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Љубов и секс

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more

Како да го разгорите сексуалниот живот откако ќе станете родители?

Read more
 

Магазин

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе