Модната блогерка Кристен Лео е поборник за еко и етичка мода и на нејзиниот YouTube канал често споделува совети и мислења за модата, здравиот начин на живот и општо, развивање на еколошката свест, со акцент на модната индустрија.
Овојпат Кристен предлага 50 модни комбинации во кои ќе изгледате прекрасно и во најжешките летни денови. Нејзините идеи се еколошки и етички, што значи дека се составени од парчиња купени од втора рака, изработени од природни материјали во етички услови и во секоја смисла „зелени“.
Ленот е нејзиниот прв избор и главен адут, но и останатите комбинации вреди да ги пробате.