Фудбалската легенда Диего Марадона е редовен на трибините на Мундијалот во Русија кога игра репрезентацијата на неговата Аргентина која досега не му даваше многу причини за радост.
Синоќешниот натпревар меѓу Нигерија и Аргентина беше бурен и непредвидлив, а Марадона беше израз на вистински коктел од емоции. Аргентина осигура пласман во осмина финале, но патот до таму го „извози“ Марадона низ цел спектар на расположенија и фудбалерот со можеби најконтроверзниот гол во историјата на Мундијалот беше вистинска атракција за камерите и за гледачите.
Неговите реакции секако, веднаш беа инспирација за мемиња, гифови и други досетки на интернет корисниците: