6 јуни 1944, почнал Десантот на Нормандија
Десантот на Нормандија, познат уште и како Операција Нептун, бил десант на Сојузниците во Втората светска војна во Нормандија на 6 јуни 1944 година (Денот Д). Пошироката операција била наречена Операција Оверлорд.
Десантот на Нормандија е најголемата десантска операција во историјата. По десантот, сојузничките сили не успеале да заземат ниту едно од местата што планирале да ги заземат, но успеале да ги контролираат плажите, и дури следните денови напреднале во внатрешноста. Со десантот командувал Двајт Ајзенхауер.
До изгрејсонце 18 илјади британски и американски падобранци веќе биле на копното. Дополнителни 13 илчјади авионби биле мобилизирани за да обезбедат воздушна поддршка за инвазијата., Во 6:30 часот утрото, американските трупи дошле на брегот на плажите Јута и Омаха.
Британските и канадските трупи наишле на слаб против отпор и ги заземале плажите Голд, Џуно и Сорд. Американците ја заземале Јута, но задачата била многу потешка на Омаха, каде американската Прва дивизија се борела на отворено море, магла, мини, запалени возила - и германски крајбрежни батерии, вклучително и елитна пешадиска дивизија, која исфрлила силен оган. Многу ранети Американци на крајот се удавиле во големата плима.
До крајот на денот, 155.000 сојузнички трупи - Американци, Британци и Канаѓани - успешно упаднале на плажите на Нормандија и потоа биле во можност да протуркаат во внатрешноста. Во рок од три месеци, северниот дел на Франција бил ослободен.
Сојузниците имале 4.414 загинати, над 10 илјади повредени и 185 уништени M4 Sherman тенкови. Германците имале помеѓу 4 и 9 илјади загинати, повредени, исчезнати или заробени.