6 мај 1994, пуштен бил тунелот под Ламанш
На денешен ден францускиот претседател Франсоа Митеран и англиската кралица Елизабета II свечено го отвориле тунелот под Ламанш.
Се вика Евротунел, Каналски тунел (Channel Tunnel) или Тунел под Ламанш (Tunnel sous la Manche) кој под протокот Ламанш ги поврзува Европа со Британија. Долг е 50,5 километри од Фолкстоун, Кент во Англија до Кокел, близу Кале во северниот дел на Франција. Неговата најниска точка е 75 метри длабочина. Тунелот го има најдолгиот подводен дел од секој тунел во светот иако не е најголем тунел во светот. Изградбата почнала од британскиот дел во 1988 година.
Тунелот има многу брзи Eurostar патувачки возови, Eurotunnel roll-on/roll-off возен транспорт - најдолгиот во светот - и меѓународни железнички товарни возови. Во 1996 година Американското друштво на цивилни инженери го препозна тунелот како едно од Седумте светски чуда на модерниот свет.