6 митови и факти за стомачните мускули

А.С.
/ 14.09.2023 / 12:18

Ако сакате дефинирани и цврсти мускули, треба да знаете кои вежби се најдобри за вас, да имате голема дисциплина и секако, да не верувате во сѐ што ќе слушнете и прочитате за тоа како треба да вежбате.

Фитнес експертите ги разбиваат најпопуларните митови за стомачните мускули:

МИТ: Вежбајте најнапорно што можете за да добиете дефинирани стомачни мускули

Факт од фитнес експерт: Интензитетот на вежбање треба да се менува. Ако сакате да го намалите интензитетот, правете повеќе повторувања на истата вежба, а кога правите помалку повторувања, тогаш нека бидат интензивни. На овој начин оптимално ќе заздравуваат мускулите од еден до друг тренинг и ќе постигнете одржливост на вашиот режим на вежбање. За да формирате дефинирани мускули мора да се чувате од прегревање, повреди и регресија на вежбањето.

МИТ: Следењето на работата на срцето има врска со фитнес нивото на телото, не на формирањето мускули

Факт од фитнес експерт: Може да го одредите интензитетот со кој треба да вежбате со одредување на максималниот број на отчукувања на срцето во минута (HR). Генерално, тој број е 220 минус вашата возраст. Со умерено вежбање тој број би изнесувал 50 до 75% од тоа. Сепак, ова е генерално пресметување. Паметно е да вежбате со HR монитор или HR трекер и ќе можете да го одредите интензитетот на вашите тренинзи.

МИТ: Може да формирате дефинирани мускули со вежбање два до три пати неделно

Факт од фитнес експерт: Ако сакате да изгледате како професионален спортист или фитнес тренер, видете како живеат тие, велат експертите. Што значи тоа? Доволно одмор, здрава исхрана, редовно вежбање со различен интензитет (правилно загревање, редовен тренинг, спортови, масажи, истегнување), како и правилно и навремено одмарање.

МИТ: За да формирате дефинирани мускули треба да правите само вежби за стомак

Факт од фитнес експерт: Нема дефиниран стомак без цврсти централни мускули (core muscles). Експертите нагласуваат дека не треба да заборавате дека стомачните мускули се само дел од целата група мускули на торзото кои функционираат заедно и „си помагаат“ едни на други. Покрај тоа што ќе согорите повеќе калории, ова значи дека и целото тело ќе ви биде поздраво и позатегнато.

МИТ: Дефинираните стомачни мускули се 80% исхрана, 20% вежбање

Факт од фитнес експерт: Математиката е малку покомплицирана по ова прашање. Ако мислите дека едното е поважно од другото, сте ја промашиле целта. Се работи за 100% исхрана, 100% дисциплинирано вежбање, но 100% справување со стресот и 100% грижа за заздравување на телото по вежбање. И да не забораваме, нагласуваат експертите, дека голем дел од луѓето си мислат дека се на вистинска исхрана за билдање мускули, а за многу работи се во заблуда. Исто така, треба да се има на ум дека треба да се продолжи со здравиот начин на исхрана и редовно вежбање за да се одржат тие мускули.

МИТ: Без болка нема резултати

Факт од фитнес експерт: Не ја игнорирајте болката! Познатото мото „No pain, no gain“ е сфатено многу погрешно и тоа најчесто од луѓе кои се форсираат и си прават поголема штета отколку корист со премногу интензивно или погрешно вежбање. Болка во мускулите после напорен тренинг е едно, но болка што ќе ве „пресече“ додека вежбате или болка што не престанува 48 часа по последното вежбање е веќе нешто што треба да го сфатите сериозно. Дајте му на телото доволно време да закрепне по вежбањето и не се форсирајте. Само бидете доследни и дисциплинирани.

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Фит

Зошто велосипедот треба да стане вашето редовно превозно средство?

Read more

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Четири намирници богати со протеини кои поттикнуваат слабеење

Read more

Две грешки во исхраната додаваат сантиметри на стомакот

Read more
 

Магазин

Полжавчиња со афион и цимет - одлични се со шолја кафе, чај или млеко

Читај повеќе
  • play_arrow

Силна бура создаде застрашувачка глетка на небото во Оклахома - како да пукнала нуклеарна бомба

Читај повеќе

Примала плата од 16 фирми, а не работела ниту еден ден: Филмската приказна ќе заврши на суд во Кина

Читај повеќе

10 прашања што откриваат каков е навистина вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто велосипедот треба да стане вашето редовно превозно средство?

Читај повеќе
  • play_arrow

92-годишен дедо нокаутираше двајца насилници среде улица

Читај повеќе

Koja е најдобрата положба за спиење кога имате настинка или грип?

Читај повеќе
  • play_arrow

Земи си мачка, да ти биде забавно дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Корејски специјалитет: Месо потпечено со павлака и јајца

Читај повеќе