6 најскапи и најубави раси на мачки во светот

Секогаш е топла препорака да се посвојуваат мачки и кучиња кои се напуштени, исфрлени на улица или принудени целиот живот да го поминат надвор од топол дом и без љубов.

Од друга страна, има и такви со подлабок џеб кои можат да си дозволат да купат скапи мачки.

Некои раси на мачки се поретки од другите, а таа комбинација на реткост и убавина доведува до потреба да се издвои голема сума на пари, поради што може да ви се заврти во главата.

1. Персиска мачка

Меѓу најскапите раси на мачки, на прво место се најде персиската мачка која потекнува од Блискиот Исток. Таа е приврзана, мирна, и со кротка природа, често се дружи со мали животни како папагали и хрчаци. Не е претерано разиграна, па многумина ја нарекуваат салонска мачка, а нејзината цена достигнува и до 4.860 евра.

2. Руска сина мачка

Веднаш зад персиската е руската сина мачка. Таа има свиленкасто крзно со сино-сива боја, смарагдно зелени очи, а многу е приврзана и лојална како куче. Цената може да достигне и до 2.600 евра.

3. Савана

Дали некогаш сте слушнале за мачка од савана? Тоа е хибриден вид создаден со вкрстување на дива африканска и домашна мачка. Бара некој кој ќе ѝ посветува внимание, бидејќи по природа е многу жива. Тоа е добар скокач, кој лесно може да скокне од подот до врвот на вашиот фрижидер.

Интересно е и тоа што оваа мачка има и смисла за хумор, а некои од нејзините омилени шеги се да се крие од сопственикот. Цената може да ѝ достигне и до вртоглави 18.000 евра!

4. Манска мачка

Потекнува на островот Ман во Ирското Море и се смета за еден од најпребирливите видови. Манските мачки можат да имаат различни должини на опашката, но можат да бидат и целосно без опашка. Нивната цена се движи меѓу 180 и 3.500 евра.

5. Сфинга мачка

Првата е родена во 1966 година во Торонто, а карактеристика ѝ е тоа што нема крзно. Таа е многу интелигентна, гласна и „зборлива“ и сака друштво. Добро се сложува со деца и кучиња. Таа не е вид кој сака да биде независен како другите мачки. Бидејќи немаат крзно, ова се исклучиво домашни мачки и не треба да бидат долго време на студ или изложени на директно сонце. Нивната цена се движи од 270 до 2.700 евра.

6. Шкотски фолд

Шкотскиот фолд е многу интересна мачка со средна големина, особено препознатлива по малите, свиткани уши и многу симпатичен карактер. Свитканите уши се предизвикани од доминантен ген кој влијае на 'рскавицата во ушите, поради што тие добиваат специфичен облик. Ако сакате шкотски фолд да ви стане домашно милениче, ќе треба да платите помеѓу 180 и 2.700 евра.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе