6 опасни астероиди итаат кон Земјата, првиот доаѓа на 5 октомври

Откако минатата недела мал астероид ненадејно влезе во атосферата на Земјата каде изгоре на небото над Филипините, научниците предупредуваат дека моментално во вселената има неколку астероиди кои се закануваат да удрат во Земјата...

Научниците ширум светот минатата недела беа изненадени од неочекуваното влегување на досега неоткриен астероид во атмосферата на Земјата.

Малиот астероид, означен како 2024 RW1, широк околу еден метар, беше идентификуван само осум часа пред да изгори над Филипините. За среќа, беше премал за да предизвика некаква штета.

И покрај тоа, овој неочекуван настан е потсетник на потенцијалните опасности кои демнат во Сончевиот Систем за планетата Земја. Тој нè предупредува за потребата од постојано следење на ваквите појави и подобра подготовка за идни средби со астероиди.

Затоа експертите предупредуваат дека во моментов во вселената има неколку астероиди кои се закануваат да удрат во Земјата.

Remote video URL
Бену

Астероидот Бену, откриен во 1999 година, моментално претставува најголем ризик за нашата планета. Со дијаметар од 480 метри и тежина од 67 милиони тони, тој е поширок од њујоршката Емпајер стејт билдинг и дури 200 пати потежок од неа.

Набљудувањата на НАСА покажуваат дека има 1 спрема 2.700 шанси да удри во Земјата на 24 септември 2182 година. Доколку Бену се судри со нашата планета, ќе се ослободи енергија еднаква на експлозија од 1,4 милијарди тони ТНТ, што е повеќе од комбинираната енергија на сите нуклеарни оружја што некогаш биле детонирани на Земјата.

Астероид Денот на вљубените

Астероидот 2023 DW би можел, со голема веројатност, да се судри со Земјата на 14 февруари 2046 година. Има пречник од 50 метри и е споредлив по големина со деструктивниот астероид кој падна во Челјабинск, Русија во 2013 година (видео подолу).

Движејќи се со брзина од 21,78 км/с во однос на Сонцето, во случај на потенцијален удар, би можел да срамни цел град. Првично проценети на загрижувачки 1 на 607 шанси за „слетување“ на Земјата, неодамнешните последователни набљудувања значително го намалија.

Второто изумирање на диносаурусите

Со огромен дијаметар од 1,3 километри и тежина од 71 милион тони, астероидот 1950 DA ја претставува најразорната потенцијална закана за Земјата од вселената.

Евентуален судир би ослободил енергија еквивалентна на детонација на 75 милијарди тони ТНТ, што би можело да предизвика глобална катастрофа од размери на изумирањето на диносаурусите. Моменталните шанси овој астероид да удри во Земјата на 16 март 2880 година се 1 спрема 34.500.

150 пати помоќен од бомбата „Цар“

Астероидот 2023 TL4 беше откриен минатата година и беше идентификуван како закана која, поради неговата огромна големина и тежина, може да стави крај на нашата цивилизација. Со дијаметар од 0,33 километри и тежина од 43 милиони тони, оваа вселенска карпа може да предизвика експлозија 150 пати посилна од советската хидрогенска бомба „Цар“, најмоќното нуклеарно оружје некогаш детонирано.

За наша среќа, научниците процениле дека постои релативно низок ризик од судир, од 1 на 181.000 и тоа дури на 10 октомври 2119 година. Ова им остава доволно време на вселенските агенции да преземат соодветни мерки.

„Изгубениот астероид“ за регионална катастрофа

Астероидот 2007 FT3 е класифициран како „изгубениот астероид“ бидејќи последен пат бил забележан во 2007 година. И покрај неизвесноста, НАСА проценува дека веројатноста за негово влијание е мала, наведува NDTV.

Постои 1 во 10 милиони (0,0000096%) шанса да се судри со Земјата на 3 март 2030 година, а уште помала шанса - 1 од 11,5 милиони (0,0000087%) тоа би можело да се случи на овој 5 октомври 2024 година.

Доколку некогаш се случи такво влијание, ослободената енергија би била еквивалентна на експлозија од 2,6 милијарди тони ТНТ, што потенцијално ќе предизвика регионално уништување, но не и глобална катастрофа.

Remote video URL
Уште еден изгубен, ама многу поразорен

Астероидот 1979 XB не е виден во последните 40 години и е уште еден „изгубен астероид“. И покрај неизвесноста, врз основа на набљудувањата од неговото откритие на 11 декември 1979 година, научниците процениле дека постои 1 од 1,8 милиони шанси (0,000055%) да удри во Земјата на 14 декември 2113 година.

Ако XB 1979 би се судрил со Земјата, ударот исто така би ослободил огромно количество енергија, што е еквивалентно на детонација од 30 милијарди тони ТНТ.

Решение - скршнување од курсот

Судирите на астероидите со Земјата се изненадувачки чести, па се проценува дека во нашата атмосфера дневно влегуваат дури 48,5 тони метеорски материјал. Поголемиот дел од него претежно согорува, создавајќи го она што ние го нарекуваме „ѕвезди што паѓаат“. Сепак, појавата на поголеми објекти кои се пробиваат низ атмосферата и ја погодуваат Земјата е доста ретка. Меѓутоа, само затоа што судирите на астероиди се малку веројатни, тоа не значи дека тие не се невозможни.

Вселенските агенции секако ги следат овие појави. Како подготовка за потенцијални идни закани, американската НАСА и европската ЕСА веќе тестираат различни методи на отклонување на астероиди, вклучително и брзи судири со сателити, за да ги исфрлат потенцијално опасните астероиди од курсот.

Тагови
реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Вести

Нов имунотерапевтски лек ги елиминира туморите кај некои видови рак во рана фаза

Read more

Маск: За 5 години роботите ќе бидат подобри од најдобрите хирурзи

Read more

Apple планира драстични промени за јубилејниот iPhone

Read more

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Read more
 

Гик

Британија забранува извоз на гејминг контролери во Русија, се користеле за убивање луѓе

Читај повеќе

Нов имунотерапевтски лек ги елиминира туморите кај некои видови рак во рана фаза

Читај повеќе

Маск: За 5 години роботите ќе бидат подобри од најдобрите хирурзи

Читај повеќе

Apple планира драстични промени за јубилејниот iPhone

Читај повеќе

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Читај повеќе

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Читај повеќе

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Читај повеќе

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Читај повеќе