Не е само убавината во прашање, ниту згодното тело. Жените кои им се неодоливи на мажите, ги имаат следниве особини:
Љубезни се и насмеани
Меѓутоа, ова не значи дека со нив е лесно - тие знаат што сакаат и се држат до тоа. Не се откажуваат од тоа во кое веруваат.
Страствени се, но не само во кревет, туку во сè што сакаат
Кон работата, кон одгледувањето и воспитувањето на своите деца, кон пријателите. Имаат големо и отворено срце.
Природни се
Оваа особина ги освојува мажите. Овие жени не глумат и не се преправаат тоа што не се.
Верни се
Пред сè, верни се кон самите себе, а нивните партнери може да сметаат на нив за било што.
Имаат сопствен стил
Не ја следат слепо модата, туку имаат сопствен стил на облекување и шминкање.
Позитивни се
Имаат позитивен став кон животот и се трудат во сè да ја видат добрата страна.
Познавате некоја ваква жена? Пишете ни во коментарите или пратете и го текстот :)