6 причини зошто да купите iPhone SE наместо новите модели на iPhone

Apple минатиот месец ги претстави новите iPhone уреди кои одлично изгледаат и се побрзи од сите досега, но постои голем проблем – многу се скапи.

Ако не ви се дава повеќе од 1,000 долари за мобилен телефон (колку што чини основниот iPhone модел), можеби сериозно би требало да размислите за купување на iPhone SE – еден од најдобрите телефони на Apple досега.

Business Insider наведува шест опции зошто да го направите ова:

1. Со цена од 350 долари за основниот модел, овој уред е исклучително достапен, а притоа и долготраен и доволно квалитетен да ги задоволи сите потреби на просечен корисник.

2.  iPhone SE е изненадувачки силен. Во телефонот е вграден ист процесор кој го имаат и iPhone 6S и најновиот iPad – станува збор за моделот Apple A9, кој поддржува 4К видео снимање, игри со висока резолуција и уште многу работи.

3. Има одлична камера, иако не поседува оптички стабилизатор за слики и не бележи широк спектар на бои како новите iPhone уреди, што значи дека произведува фотографии со слаб квалитет при слабо светло, iPhone SE има поддршка за сите од 4К видеа од HDR фотографии.

4. Со екран со големина од 4 инчи, овој телефон е исклучително погоден за ракување. Иако во споредба со масивниот iPhone X делува немоќно, изгледот лаже.

5. Има 3,5 милиметарски влез за слушалки, за разлика од сите iPhone уреди претставени од 2016 до денес.

6. Има ист одличен оперативен систем како и останатите iPhone уреди и ист пристап до производите и сервисите на Apple. 

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе